• Latest

Оптимизам во Скопје и Атина пред новата рунда разговори за името во Брисел

December 10, 2017

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Оптимизам во Скопје и Атина пред новата рунда разговори за името во Брисел

December 10, 2017 09:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, во понеделник и вторник во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.

Новата рунда разговори доаѓа во период на подобрена политичка клима меѓу Македонија и Грција, како и оптимистички очекувања од Скопје и Атина, но и од Вашингтон и Брисел за ставање крај на долгогодишниот спор.

Македонскиот премиер Зоран Заев во повеќе наврати изјави дека треба да се направи исчекор и оти сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција. Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Заев истакна дека треба да се најде решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни.

– Или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни. Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да добиеме повеќе, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото, изјави Заев.

Во однос на спектарот отстапки што е подготвен да ги направи, но и за тоа дали се согласува со промена на името на аеродромот, македонскиот премиер вели „дека е јасно оти е полесно да се промени името на еден аеродром отколку името на земјата“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, очекува позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија во 2018 година доколку, како што вели, Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред.

– Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение. Во таков случај јас ќе бидам првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на соседната земја, порача Ципрас вчера од Белград по средбата со негвоите колеги од Србија, Бугарија и Романија.

Претходно, и шефот на грчката диломатија Никос Коѕиас, изјави дека очекува прашањето да биде затворено во првата половина на наредната година. Сепак, вели Коѕиас, решението мора да биде компромис за името за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи.

Оптимизам дека спорот конечно може да се реши искажаа и американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји и еврокомесарот Јоханес Хан. Ји смета дека прашањето за името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение. Хан, пак, изјави дека очекува во првата половина на 2018 година да се најде политичко решение со Грција за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ. Како прилог кон тоа, Ји и Хан, ги нагласуваат подобрените политички релации меѓу Скопје и Атина.

Добра волја за решение кај двете страни гледа и медијаторот Нимиц, кој во изјава за Независната Балканска новинска агенција – ИБНА, изрази и надеж дека ќе бидат надминати и т.н. црвени линии поставени од Атина и Скопје.

И медиумите во Грција коментираат дека средбата на Нимиц со преставниците на двете земји во Брисел, е знак за континуитетот на позитивната клима, која се создаде во односите меѓу двете земји по промената на власта во Македонија. Како временска рамка која го придвижува решавањето на спорот и постигнување заемно прифатливо решение, се посочува следниот самит на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел, а на кој Македонија се надева дека конечно ќе се отвори патот да стане членка на Алијансата.

Грчките медиуми најавуваат и дека е можно Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.

Последната формална рунда разговори на медијаторото на ОН со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014.

Спорот за името меѓу Атина и Скопје трае од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Поради противењето на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето на Македонија во ОН на 8 април 1993 година, беше направено под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, двете земји почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаимеЈиКоѕиасМекедонијаНимицоптимизамПреговориХанЦипрас
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ