„Кога се случи Шарената револуција, важно е да се каже дека тоа е навистина еден од ретките на Балканот во последните неколку децении со една оргинална невладина организација во целите тие настани, нормално пота се вмеша и политички фактор, се вмешаа можеби, дури и некакви странски фактори со поддршка, но се работеше за едно оригинално незадоволство на илјадници луѓе. Ним не им требаше некоја посебна оргиназација во тоа лежи убавината, затоа и остави толку силен впечаток бидејќи не го финансираше никој, луѓето сами доаѓаа“, изјави Сашо Орданоски на настанот на ЦИВИЛ по повод одбележување 5 години од Шарената револуција.
„Шарената револуција го постигна тоа што го сакаше. Затоа што не беше организирана и некој не ја финансираше не можеше да се сузбие, бидејќи да постоеа финансиери полесно ќе паднеа. Тоа беше толку децантрализирана иницијатива, а толку масивна, која што се надеваше само на народот“, вели Орданоски.
„Најголем дел од луѓето не излегоа на улица за да наплат подоцна за тоа шетање, туку беа излезени со едн оригинално граѓанско незадоволство и неприфаќање на тој тип на режим каков што стана во последите четири, пет години од неговото постоење… Мислам дека дури и по 50 години таа ќе остане една пристојна епизода од демократскиот развој на Македонија“, смета Орданоски.
монтажа: Ариан Мехмети