• Latest

Оружен напад во банка во Кентаки, најмалку пет мртви, повеќемина повредени

April 10, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Оружен напад во банка во Кентаки, најмалку пет мртви, повеќемина повредени

April 10, 2023 19:25
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку пет лица загинаа, а речиси осуммина се повредени при оружен напад во Старата национална банка во Луисвил, Кентаки, соопшти локалната полиција на прес-конференција. Напаѓачот е исто така мртов, изјави заменик-началникот на метро полицијата во Луисвил, полковник Пол Хемфри, објави Њујорк тајмс.

BREAKING: At least 5 dead, 6 injured following active shooter incident at the Old National Bank building in downtown Louisville, Kentucky. pic.twitter.com/RlR0G5a5yV

— UA News (@UrgentAlertNews) April 10, 2023

Најмалку двајца полицајци се застрелани, рече Хемфри. Од најмалку осум лица кои се пренесени в болница, двајца се наоѓаат во критична состојба. Еден од нив е полицаец кој во моментов е на операција. Полицијата работи на идентификување на сите жртви, истакна полковникот Хемфри. Некои од преживеаните успеале навреме да се скријат во безбедна просторија, изјави репортер на Си Ен Ен.

ФБИ соопшти дека нивните агенти се на лице место и им помагаат на локалните органи за спроведување на законот. Жителите се предупредени да не се приближуваат до тој дел од градот.

На местото на инцидентот пристигна градоначалникот на Луисвил, Крег Гринберг. Тој го нарече инцидентот „трагичен“. Полицијата потврди дека пукањето се случило во Старата национална банка во најголемиот град во Кентаки.

Бајден е информиран за инцидентот, а Белата куќа најави дека наскоро ќе излезе со соопштение.

Полицијата смета дека напаѓачот бил поврзан со банката, соопштија на прес-конференцијата. Веројатно, како што велат, бил поранешен вработен.

Полицијата утринава реагираше во рок од три минути по повикот и речиси веднаш наиде на осомничениот, истакна заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри на брифинг со новинарите. Осомничениот продолжил да пука, рече началникот. Полицијата разменила оган со напаѓачот, кој починал на местото на престрелката, додаде тој.

Г. Т.

Tags: БанкаКентакиоружен нападубиени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ