Истрелани два куршуми врз Алит Абази, носител на независната листа за советници, во Кичево, на бул. Ослободување, околу 18:30 часот вечерва, според извештајот на долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ во Кичево.
Дестан Абдиу, сопственик на скопскиот хотел Супер 8, кој бил во друштво со Абази, е ранет во ногата. Сторителот сам се предал на полицијата. Мотивите за оружениот напад не се познати. Абази и Абдиу се префрлени во ургентиот центар во Скопје. Полицијата е на терен, а увидот е во тек, како што може да се види и од фотографијата на мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
Неофицијално, како што дознаваат набљудувачите на ЦИВИЛ, во инцидентот има и повреден новинар.