• Latest

Османи: Ако до ноември не ги усвоиме уставните измени ќе се соочиме со неизвеност во евроинтеграциите

March 7, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Ако до ноември не ги усвоиме уставните измени ќе се соочиме со неизвеност во евроинтеграциите

March 7, 2023 10:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако до ноември не ги усвоиме уставните измени ќе се соочиме со одлагање на евроинтеграцијата ќе влеземе во нова неизвесност заради тоа што ќе го испуштиме актуелниот момент кога заради војната во Украина и ризиците што доаѓаат од Русија, Европската Унија гледа на проширувањето како на инструмент за долгорочна европска безбедност, вели за порталот Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тоа е временската рамка, вели Османи, во којашто овој нов предизвик за Северна Македонија треба да се реализира без да предизвика долгорочни последици за иднината на земјата.

Министерот за надворешни работи Бујар Осмени вели дека првиот сериозен и значаен чекор е веќе направен: Консолидирано е владеачкото мнозинство во Собранието.

– Иако во бројки не изгледа суштински многу повеќе, од аспект на убедување за европскиот пат е сериозно консолидирано и со комплетирањето на реконструкцијата на владата со новите министри и заменици, веќе може да се продолжи со важните чекори за процесот на евроинтеграцијата – вели Османи за нашиот портал

Претходно вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече е многу важно сите политички субјекти кои што го поддржуваат европскиот пат искрено да застанат на една страна.

– Тоа не е европски фронт против никого, тоа е европски фронт за обезбедување на нашата европска иднина. Владината коалиција има агенда, има кауза и работи на нивно спроведување – напиша Маричиќ на социјалните мрежи кога во Собранието помина новото владеачко мнозинство.

Нашите соговорници информираат дека ако може да се зборува за некакви рокови целиот процес треба да заврши во  ноември, декември, односно до крајот на оваа година. Ако искуството покажало дека спроведувањето на уставните амандмани во просек одзема три до шест месеци, во зависност од тоа каква динамика ќе се наметне, тоа значи дека некаде пред летото ние би требало да влеземе во формална процедура во Собранието проследено со паралелна широка јавна расправа за предложените уставни измени.

– Предвидени се многу јавни дебати штом Владата ќе ги предложи драфт амандманите. Очекуваме мислења на експертската, на политичката јавност, вклучување на граѓанскиот сектор во таа дебата за формулациите на амандманите, иако се работи само за формални измени со коишто само после зборот „итн“, „и така натаму“ во преамбулата на Уставот ќе се додадат „црногорска заедница“, „хрватска заедница“, „бугарска заедница“, „еврејска заедница“ ако има таква и други барања. Овие измени во суштинска смисла не загрозуваат ничие право, ничиј интерес и само уште повеќе ја збогатуваат сликата на нашата држава како мултиетничка заедница – вели за Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Tags: ЕУМНРОсмани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ