ЦИВИЛ Медиа разговараше со Али Османи, стечаец, координатор на здружението „Унит“, кој уште во 2004 година останал без работа. Отогаш, не успеал да се вработи, затоа што поради возраста ниеден работодавач не сакал да го прими.
Сега, Османи им е благодарен на премиерот Заев и на Владата, затоа што ќе има со што да се прехранува до пензија.
„Не сум работел никаде откако ме отпуштија. Никој не сакаше да ме прими, поради возраста“, ни изјави Османи, изразувајќи надеж, дека со чекорите на новата Влада, ќе има леб за сите.
Текст и камера: Биљана Јордановска