• Latest

Османи и Димитров на средба со Могерини

November 14, 2017

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи и Димитров на средба со Могерини

November 14, 2017 10:36
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Проширувањето на Европската унија, предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, како и севкупните предизвиците со кои се соочува Европа беа дел од темите за кои разговараа вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јавува МИА. 

На средбата Османи ја посочи успешната реализација на Планот 3-6-9, кој очекува, до крајот на неговата имплементација, во целост да ги одрази барања на Унијата за реформи во Македонија, што во соодветен рок би биле имплементирани.

Вицепремиерот, како што соопшти СЕП, ја пренел интенцијата на Владата, храбро и позитивно да се посвети на затворањето на сите отворени политички прашања, меѓу кои и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија.

Во тој контекст, Османи посочи и на очекувањата на Владата, но и на граѓаните на Република Македонија, за конкретни чекори од страна на Унијата, кои би биле во насока на визибилноста на европските перспективи на Македонија.

Османи го посочи и ставот на претседателот на Европската Комисијата, Жан Клод Јункер, кој во своето годишно Обраќање до Унијата, потенцираше дека за безбедна ЕУ, потребно е да се одржи кредибилен процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан.

Тоа, смета Османи, нема да биде можно доколку Комисијата не ја вметне и Македонија во својата стратегија за проширувањето на Унијата до 2025 година, која би се изготвила на почетокот на идната година, но и со останатите конкретни чекори што би претставувале основа за натамошно зацврстување на европскиот оптимизам во земјата и во регионот.

„Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од стратегијата на ЕК за проширување на Унијата“, истакна Османи.

Тој додаде дека се создадени соодветни услови за 2018 година да биде историска година за Македонија од аспект на евроатлантските амбиции, за кога очекува да се постигне напредок што ќе го затвори прашањето за ЕУ и НАТО во Македонија. Тоа потенцираше Османи, е важно за Унијата да може полесно да се справи со новите предизвици, уште поважно за стабилноста на регионот, а најважно за Република Македонија, која не смее да си дозволи да го пропушти овој моментум на европски оптимизам.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ДимитровМогериниОсманисредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ