Шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна на Главната железничка станица во Кијив и ја почна посетата на Украина.
Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија, соопшти МНР.
Тој и на својот Фејсбук профил напиша дека пристигнале во Кијив на прва работна посета во рамки на Претседавањето со ОБСЕ. Османи напиша и дека ќе ги посетат областите погодени од воените дејствија.
Во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.
Посетата на Османи на Кијив е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!, наведуваат од МНР.
Н. А