• Latest

Османи:  Вчера се придруживме на санкциите на ЕУ кон Русија, како држава не сме под безбедносна закана

February 25, 2022
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Османи:  Вчера се придруживме на санкциите на ЕУ кон Русија, како држава не сме под безбедносна закана

February 25, 2022 12:31
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информира дека имал средба со амбасадорката на Украина во нашата држава, Наталија Задорожњук, но немал и засега не планира да се сретне со амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин, пренесува МИА.

На прес-конференција по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, Османи повика веднаш да прекинат воените активности во Украина и да се седне на маса со цел преку политички дијалог и дипломатски средства да се надвмине оваа ситуација, која, како што потенцира, прво има директна деструктивна активност за луѓето во Украина, но и за граѓаните на Русија, но може да има далекусежни последици по целиот континент и целиот свет.

– Ние ја осудивме оваа руска агресија во Украина, сметајќи ја како нарушување на меѓународниот правен поредок, на суверенитетот и територијалниот интегритет на независноста на државата, на правото на независните држави да си одредат сами надворешно – политички приоритети. Вчера се придруживме на санкциите на ЕУ кон Русија, меѓутоа се придруживме и на сите рестриктивни мерки што ЕУ ги воведе од 2014 година кога беше анектиран Крим, со цел да ја одвраќаме Русија од продолжување на овој воен конфликт, изјави шефот на дипломатијата Османи, прашан какви ќе бидат билатералните односи со Русија во однос на тоа што се случува сега во Украина.

Руската агресија во Украина ќе има сериозни последици по европската безбедносна архитектура, а тоа значи на целиот континент. Тоа обично  се манифестира на слабите точки, а Балканот е слабата точка – раната на ЕУ и се разбира дека може да има импликации и обиди на надворешни политички фактори и регионални фактори, кои може да го искористат овој хаос за остварување на свои цели, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање за тоа какви се проценките и анализите за можни безбедносни импликации на Балканот, особено во Косово, БиХ во врска со настаните во Украина.

Шефот на дипломатијата нагласи дека ние како држава директно не сме под некоја безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат.

Османи наведе дека како земја членка на НАТО ги имаме во реално време сите информации и ги знаевме сите чекори на Москва пред две недели, што дава можност да донесете добро информирани одлуки, да се подготвувате за било кои последици.

Шефот на дипломатијата потсети дека НАТО е сојуз што се грижи за секој квадратен метар територија на своите земји членки, што значи дека ние сме под заштита на НАТО, но сепак ги преземаме сите мерки во однос на заштита од сајбер напади и друи мерки, за што Владата расправа во претходните недели, а денеска ќе има седница на која ќе се преземаат дополнителни мерки.

– Треба да бидеме многу внимателни тука во регионот, нагласи Османи.

Тој додаде дека и затоа се овие чести комуникации регионалните фактори за да бидеме координирани, а се усогласивме и заеднички е ставот дека никој во регионот не сака конфликт, ескалација и мора да бидеме многу внимателни во тој дел.

– Секако ќе има и економски импликации и тие веќе се чувствуваат, во цените на гасот, во цените на изворите на енергија, а тоа ќе се манифестира уште повеќе на цените на другите производи, вклучувајќи ги прехдранбените производи, изјави Османи, по средбата со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ