• Latest

Османи во БиХ: ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање во околината на Мајевица

May 12, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Османи во БиХ: ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање во околината на Мајевица

May 12, 2023 19:20
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во улога на претседавач со ОБСЕ денеска на Центарот за отстранување мини на Босна и Херцеговина му донираше две специјализирани возила за деминирање, што ќе работат на отстранување на неексплодираните боеви средства од околината на Мајевица, заостанати од војната 1992-1995.

-Овие специјализирани возила се донација на германската влада и показател дека ОБСЕ обезбедува поддршка, соработувајќи со локалните власти, организациите, погодените заедници и меѓународните партнери, соопшти Министерството за надворешни работи.

Целосно расчистување на територијата од мини е планирано до 2024 година, а донацијата, наведува МНР, ќе биде од голема важност за да се заврши процесот, како за околното население, така и за деминерите кои работат на терен.

-Постигнувањето на оваа цел е од клучно значење, за луѓето од овој регион да можат да живеат нормално. Со ова испраќаме важна порака дека Мисијата е овде токму „за луѓето“, бидејќи тие ја бараат нашата поддршка. Овде не станува збор само за Мајевица, туку испраќаме силна порака за критичната важност и вредноста на мирот, рече Османи при посетата.

Тој додаде дека Мајевица е еден од ретките примери во БиХ каде општините преземаат конкретни чекори кон помирување. Благодарение на поддршката на Мисијата за унапредување на соработката меѓу општините, посочува МНР, градоначалниците на пет општини во Мајевица покажаа големо лидерство и се здружија за да работат заеднички за доброто на своите граѓани.

-Нивните постапки и вредности совршено се усогласуваат со оние на нашето претседавање со ОБСЕ, а тоа е „За луѓето се работи’“, истакна Османи.

Tags: БиХБујар ОсманиОБСЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ