Од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, соопштија дека најостро ја осудија вчерашна закана по фејзбук упатен кон претседателот на ЗНМ, Насе Селмани.
„Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци“, се вели во реакцијата.
Имено, случајот за закана е пријавен во полиција, а заканите се последица на статусот на Селмани дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката.
ЦМ