Амбасадорот на Руската Федерација во Република Хрватска беше повикан во Министерството за надворешни и европски работи за да му ја изразат својата најостра осуда за бруталната агресија врз Украина и за извршените бројни злосторства, пренесува Вечерњи лист.На руската страна и беше повторен повикот за итен прекин на воените активности и повлекување на руските војници од целата територија на Украина, како и итно обезбедување на патишта за евакуација на населението и доставување хуманитарна помош.
Нагласено е очекувањето на Република Хрватска одговорните за злосторствата да бидат изведени пред лицето на правдата.
Во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, руската страна беше информирана за одлуката на Република Хрватска за намалување на бројот на дипломатски и административно-технички персонал на Амбасадата на Руската Федерација во Загреб.на ниво на Амбасада на Република Хрватска во Москва и беше побарано 18 дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал (вкупно 24 вработени) на Амбасадата на Руската Федерација во Република Хрватска да ја напуштат Република Хрватска.
Д.Мишев