• Latest

Осумнаесет години гласни и горди!

November 25, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Осумнаесет години гласни и горди!

November 25, 2017 11:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тоа е една поинаква организација, бескомпромисна и упорна, секогаш заедно со граѓанките и граѓаните на Република Македонија. Гласна организација која никогаш не се повлекува пред притисоците и заканите. И додека многумина заглавија во бирократија и се фолираат со години, заглавија во партиските мрежи и лавиринти, оваа организација докажа дека слободата и демократијата се освојуваат секој ден и самостојно, со посветена, искрена и неуморна работа.

Заложбите за демократија, правда, слобода и еднаквост, за човекови права и слободи – не се празни пароли и клучни зборови во проекти кои носат пари. Човековите права и слободи се вистинска животна и морална определба и стремеж за луѓето кои работат во оваа организација.

Без потрага по награди, медали и признанија – луѓето на оваа организација секој ден се на улиците на македонските градови и села, секој ден се присутни во јавноста преку своите извештаи за состојбата на човековите права, за вистинскиот живот, за судбините на илјадници луѓе.

Нема мнозинства и нема вештачки конструкции во оваа организација. Силни и независни индивидуи кои заедно прават виножито од различности, етнички, верски, родови, социјални… Каква што е Македонија. На едно место собрани сите што сакаат нешто да направат за општеството попрво отколку за себе. Луѓе кои често мора да бидат опоменати дека е доста со работа, дека не смеат да се преморуваат толку многу, секој ден, па и за време на празници и викенди.

[envira-gallery id=”45977″]

Да, тоа е ЦИВИЛ – Центар за слобода. Тоа не е структура, тоа се луѓе со големо срце и вредни раце. ЦИВИЛ не е работно место, туку труд и заложба, определба, начин на мислење, начин на живот, жртвување на комодитетот и личниот интерес за да се постигне повисоката цел. При сето тоа, ЦИВИЛ е место за учење, креативност, споделување и дебата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода полни 18 години денеска. На денешен ден, 25 ноември 1999 година, се одржа Основачкото собрание на ЦИВИЛ во Скопје. Организацијата ја основаа неколку независни интелектуалци, уметници и новинари со цел да ги застапуваат и бранат човековите права и слободи. Активни уште од 2005 година, веќе со неколку успешни заеднички проекти до тогаш, тие решија да создадат една поинаква организација, блиска до граѓанките и граѓаните. Им успеа, благодарение на довербата и поддршката од илјадници граѓанки и граѓани низ целата земја и надвор од неа.

Преку сто проекти и уште повеќе акции, анализи и извештаи, соопштенија и апели, национални и интернационални кампањи, илјадници јавни настани и презентации, креативни работилници, школи, семинари… Медиумски и граѓански ресурс за општеството.

Сето време – гласни и горди. ЦИВИЛ!

Tags: еднаквостетикажртвување на комодитетот и личниот интересзаложбаначин на животначин на мислењенезависностопределбаосновањеповисока целправдаслободатрудЦивилчовекови права
Share203TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ