• Latest

Пендаровски: Освен за Украина, опасност од Кремљ има и за Западен Балкан

January 17, 2023

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Освен за Украина, опасност од Кремљ има и за Западен Балкан

January 17, 2023 14:58
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, на која говореа и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија.

Опасноста што доаѓа од Кремљ, настрана од Украина е за Западен Балкан каде што има чувствителни точки во европската безбедносна архитектура, предупреди претседателот Стево Пендаровски на денешната панел сесија во Давос.

Неговата порака е дека „треба да бидеме многу внимателни со тоа“ и како сојузници и како членки на НАТО и како членки или кандидати за членство во ЕУ.

Прашан за безбедносните предизвици на Западен Балкан, Пендаровски кажа дека во регионот има две ранливи точки – Република Српска и северот во Република Косово.

– Режимот на Путин со години наназад се обидува да ги поттикне луѓето на дезинтеграција при што има обиди за провокација со цел да се наруши интегритетот на овие земји, а бевме сведоци на пропаганда и хибридни закани. Сега руската пропаганда не е интензивирана бидејќи Путин е препокупиран со западните сојузници на Украина – изјави Пендаровски.

Според него, локалните актери, пак, не се среќни со мировните договри и го користат ова па се служат со потпалувачка реторика и дејства.

Во дискусијата на панел сесијата Пендаровски уште кажа дека ако Русија се обиде да го дефокусира вниманието на западните земји од Украина, регионот на Западен Балкан е повеќе подложен, за разлика од Балтикот, на пример, затоа што има слаби безбедносни точки.

На прашањето за влијанието, односно присуството во регионот на ЕУ, НАТО или САД тој кажа дека главниот играч се САД, но и дека се почитуваат и другите.

Пендаровски уште кажа дека клучно е кога ќе заврши војната во Украина да се задржи трансатлантската солидарност, бидејќи како што се гледа низ светот дури и кај некои од најголемите држави, во пораст се авторитарните тенденции.

– Ако демократиите не се држат и останат заедно, почитувајќи исти вредности и борејќи се за нив понекогаш и буквално, тогаш автократиите ќе превладеат. Видовме минатата година кога почна војната во Украина и претходно во Белорусија дека основната дилема и битка е меѓу демократијата или автократијата, односно диктатура како што е денес во Русија. Затоа мора да имаме целосно единство и солидарност и по војната во Украина. Тоа е неопходно за да имаме подобар свет – порача Пендаровски.

Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари, а учествуваат лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество кои ќе дебатираат за состојбата во светот и за приоритетите за годината што претстои.

 

 

Tags: ДавосЕУ и НАТОСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ