• Latest

Отфрлена кривичната пријава од Финансиската полиција против Канческа Милевска

July 4, 2019
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отфрлена кривичната пријава од Финансиската полиција против Канческа Милевска

July 4, 2019 10:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопското обвинителство вчера ја отфрли кривичната пријава на Финансиската полиција за несовесно работење во службата, против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и против раководител на секоторот за финансиски прашања во министерството.

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител изврши распит на пријавените и на претставник од Министерството за култура, а беше извршен и увид и анализа во ревизорските извештаи за работата на Министерството за култура за наведените години. Во сите наведени извештаи не се констатирани неправилности во активностите и финансиските трансакции кон наведениот субјект. Дополнително, целокупната документација за исплатите кон „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија одела и до Министерството за финансии и до Народната банка, преку која се вршела исплатата кон странство, и од каде во ниту еден момент не биле констатирани неправилности.

По наредба на јавниот обвинител, од страна на Бирото за судски вештачења беше изготвено економско-финансиско вештачење со кое се утврдило дека за извршување на договорените работи со Министерството за култура, претпријатието „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија, основало подружница во земјава со назив „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија – Подружница „Светлост театар“ Скопје, запишана во Централниот регистар на 15.07.2009 година со сопствен матичен број, даночен број и приоритетна дејност. Материјалите кои како изведувач требало да ги вгради се увезувале од матичната компанија, а увозните декларации гласеле на име на подружницата. При увозот бил пресметуван ДДВ кој бил плаќан од страна на подружницата како увозник. Вештото лице констатирало дека фактурите доставувани од „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија до Министерството за култура биле искажани во евра со посебно искажан ДДВ и со наведена сметка на која треба да биде исплатена сумата. Притоа функцијата на подружницата не била реализирана во целост, со оглед на тоа што фактурите биле изготвувани и доставувани од страна на матичната компанија, наместо од подружницата. На овој начин е создаден неправилен тек на парите. Меѓутоа, со исклучок на определени веќе констатирани неправилности од Управата за јавни приходи во пресметаниот ДДВ на подружницата за извршените работи, други неправилности не се утврдени. За констатираното од УЈП се составени записници, врз основа на кои се изготвени решенија со кои подружницата била задолжена со ДДВ во точен износ и тој износ веќе е наплатен. Со самото тоа не постои штета на Буџетот на државата, ниту каква било друга штета, утврди вештиот наод и мислење.

„Во пријавата се наведуваше дека тројцата пријавени во периодот од јули 2009 до февруари 2017 година, со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности. Притоа, тие спротивно на Законот за трговски друштва, според кој странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на државава се додека не организираат подружница, примиле фактури од странски правен субјект „Светлост театар“ ДОО Белград, во кои незаконски бил вкалкулиран данок на додадена вредност од 18 отсто. На овој начин била извршена исплата во странство врз основа на 11 договори за извршување на услуги, стоки и работи реализирани во државава, при што Управата за финансиска полиција проценила дека била нанесена штета на Буџетот во износ од 2.770.640 евра“, потсетуваат од обвинителството.

Притоа, додаваат оттаму, функцијата на подружницата не била реализирана во целост, со оглед на тоа што фактурите биле изготвувани и доставувани од страна на матичната компанија, наместо од подружницата. На овој начин е создаден неправилен тек на парите.

„Меѓутоа, со исклучок на определени веќе констатирани неправилности од Управата за јавни приходи во пресметаниот ДДВ на подружницата за извршените работи, други неправилности не се утврдени. За констатираното од УЈП се составени записници, врз основа на кои се изготвени решенија со кои подружницата била задолжена со ДДВ во точен износ и тој износ веќе е наплатен. Со самото тоа не постои штета на Буџетот на државата, ниту каква било друга штета, утврди вештиот наод и мислење“, велат од обвинителстовото.

Share65TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ