Група граѓани беа собрани во центарот на Велес и нешто дискутираа меѓу себе. Преставувајќи се дека сум граѓански новинар и дека снимам прилог за ЦИВИЛ, ги прашав дали сакаат да ми одговорат на некои прашања во врска со политичката криза.
Човекот на видео снимката, со нетрпение чекаше да му се постави прашање. Беше многу испровоциран со тоа што го споменав ЦИВИЛ. Немаше потреба да зборувам многу, самиот разговор го почна тој и го водеше до самиот крај.
Авторот/авторката на овој прилог сакаше да остане анонимен/анонимна.