• Latest

Отворен Балкан се зафати со најтешките прашања: Снабдување храна и енергенси во фокусот на регионалните лидери

September 4, 2022
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отворен Балкан се зафати со најтешките прашања: Снабдување храна и енергенси во фокусот на регионалните лидери

На Самитот Отворен Балкан во Белград, покрај Вучиќ, Ковачевски, Рама, Абазовиќ и Тегелтија учествуваа и Сијарто, Чавушоглу, Хил, Сорос. Фокусот на овој Самит беше ставен на предизвиците за обезбедување храна и енергенси, на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, во услови на глобална енергетска, и прехрамбена криза.

September 4, 2022 13:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот ден од Самитот Отворен Балкан во Белград беше посветен на политичките прашања, и на него, покрај домаќинот, претседателот на Србија  Александар Вучиќ  и премиерите на Северна Македониј и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија. Ова е веќе втор Самит на Отворен Балкан, по Охридскиот, кој се одржува во формат 3+2,  каде покрај постојаните членки и основачи на иницијативата, како кандидати за членство учествуваат и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На Самитот во Белград учествуваа и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу, а како гости тука беа и поранешниот американски амбасадор во Македонија, и сегашен амбасадор на САД во Србија Кристофер Хил, како и претставникот на Фондацијата Сорос, Александар Сорос. Покрај Турција и Унгарија, покана за учество беше испратена и до Грција, Италија , како и до други земји од регионот.

„Фамилијара“ фотографија на лидерите на Отворен Балкан пред отварањето на Самитот

Фокусот на овој Самит беше ставен на предизвиците за обезбедување храна и енергенси, на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, во услови на глобална енергетска, и прехрамбена криза.

Политичкиот дел од Самитот „Отворен Балкан”, го отвори Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ во Палата Србија, кој во својот поздравен говор нагласи дека е многу задоволен од тоа како се развива иницијативата Отворен Балкан, потсети дека со Саемот на храна и вино се отвараат поголеми перспективи за соработка, а на партнерите во Отворен Балкан, Ковачевски и Рама им порача дека во Србија имаат своја втора куќа. Тој посебно ги истакна односите со Северна Македонија, со која, како што рече, немаат нерешени проблеми.

Обраќање на лидерите на Самитот Отворен Балкан во Белград

Вучиќ им го честита на Северна Македонија и Албанија почетокот на пристапните преговори со ЕУ и изрази надеж дека Иницијативата ОБ и понатаму ќе допринесува за економското јакнење и поврзување, да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања.

На отварањето на Самитот „Отворен Балкан”, свое обраќање имаше и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Откако ги поздрави учесниците и гостите на Самитот, истакна дека соработката во рамките на Отворен Балкан не е замена за ЕУ, таа ќе помогне земјите од ОБ да се справат со глобалната енергетска и кризата со храна. Со продлабочување на соработката и договорите кои се потпишани и тиe што на овој Самит ќе се потпишат, ќе овозможи полесно да се надмине кризата во земјите учеснички во иницијативата. Ковачевски посочи дека иницијативата е европска, и се базира на политиката на отворени врати.

„Ако сме добри за нас, ќе бидеме добри и за Европа и светот. Наша цел треба да биде, не само административно отварање на границите, туку и целосно безгранична соработка, истакна Ковачевски во своето поздравното обраќање.

Отварање на Самитот Отворен Балкан во Белград

Премиерот Ковачевски истакна дека „денес е повеќе од јасно дека Република Северна Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент“, и низ политиката на отворени врати, особено за другите земји од Западен Балкан, како што се Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, се цели кон единствен пазар без граници и интеграција во вропската Унија.

Заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата“ – рече Ковачевски.

Ковачевски го истакна предлогот за соработка меѓу српската берза на електрична енергија и македонскиот оператор на организиран пазар на електрична енергија (МЕМО), со цел да се подобрат условите за меѓугранична трговија со електрична енергија. А, во натамошниот период, да се интензивираат и активностите за реализација на гасната интерконекција со Република Србија, истакна Ковачевски и додаде дека веќе потпишавме договор за соработката во заштитата од катастрофи за Западен Балкан, со цел доброволно обезбедување помош во случај на катастрофи, за да можат државите да си помагаат една на друга, согласно расположливите капацитети.

Албанскиот премиер еди Рама се подготвува за прес конференција на самитот Отворен Балкан во Белград

Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека ако има конфликт наместо соработка, не би било можно денес да потпишеме договор за безбедност на снабдувањето со прехранбени производи и да направиме важен чекор за складирање храна и да ги здружиме силите, кога станува збор за енергетската безбедност, рече Рама.

Тоа значи, како што рече, тоа што Србија го има како вишок да може да се пренесе во Северна Македонија и Албанија и обратно, рече Рама и додаде дека Албанија произведува, на пример, струја од хидро секторот, а Србија најмногу од термоцентралите.

Прес конференција на лидерите на отворен Балкан на самитот во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата на крајот од Самитот Отворен Балкан изјави дека постојат и одредени несогласувања со иницијативата , што е , како што рече, нормално во демократијата, но подвлече дека не може да сфати како некој луѓе може да работат против себе, при што се осврна на објавите во одредени  медиуми  за неговото наводно „опивање“предходниот ден на Саемот за вино.

Тука Српскиот претседател нагласи дека неговиот работен ден предходната вечерна кој имал состанок со Рама и Чавушоглу завршил во 23:30, а на состанокот биле дискутирано за значајни прашања.

“А замислете колку работа ќе завршевме доколку некој од нас не беа малку пијани”, изјави Вучиќ .

Српскиот Претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Димитар Ковачевски одговараат на новинарски прашања на прес конференција на Самитот Отворен Балкан

На прес конференцијата на Самиотот беше споделена информацијата дека во Црна Гора, која е кандидат за членство во Отворен Балкан, е постигната согласност за формирање Влада, по што црногорскиот премиер Абазовиќ истакна дека според последните информации со кои тој располага, во тек се преговори за формирање влада, во која ќе се вклучат истите оние кои ја поддржале ДПС да падне претходната влада чиј премиер беше тој.

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ со новинарот на Цивил Медиа на македонската вечер во рамки на самитот Отворен Балкан

Преговорите се водат според истиот документ кој го предложила УРА пред да падне Владата, а кој тогаш не бил прифатен, кажа Абазовиќ при што потврди дека мисли на Демократите, кои го поддржаа ДПС во интерпелацијата на претходната влада. Најверојатно, според Абазовиќ, сега тие му свртеле грб на ДПС.

Абазовиќ истакна дека без УРА не може да има влада, а доколку некои сакаат да одат со ДПС, тој им посака среќа. На прашањето дали се гледа како старо-нов премиер на црногорската влада, тој одговори дека сега на Црна Гора и треба храбар лидер, кој ќе ја спроведе земјата низ кризниот период, а со оглед дека паѓањето на Владата беше поради борбата со организираниот криминал, тоа би требало да биде кандидат кој нема никакви хипотеки кон овие структури во Црна Гора.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на самитот Отворен Балкан во Белград

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за ЦИВИЛ Медиа истакна дека Западен Балкан е едиствен регион каде што границите се толку цврсти, каде што со часови се чека да се помине, и компаниите и граѓаните.

Нашата цел е, со иницијативата „Отворен Балкан“ тие бариери што стојат на патот на брзо и лесно преминување на границите, и соработка меѓу граѓаните и компаниите, да ја постигнеме што побргу. Наша цел е да ги тргнеме бариерите и не да ги тргнеме границите, туку да оствариме ниво на соработка која ќе ги направи тие граници се помалку важни, нагласи Маричиќ.

Тој посочи дека Отворен Балкан во никој случај не е замена за членството во Европската Унија.

Единствена унија во која што сакаме да влеземе е Европската Унија. Тоа е приоритет на сите држави од Западен Балкан, така што иницијативата Отворен Балкан не може да биде и не е замена за членство во Европската Унија, но сепак, додека да станеме членки имаме обврска кон нашите граѓани, кон нашето стопанство да отвараме нови можности, да овозможиме нашиот регион да функционира како европската унија, да овозможиме нашите луѓе, нашите компании слободно да тргуваат, слободно да работат и слободно да се движатво сите држави од овој регион. Крајна цел е сите овие држави од регионот да станат членки на Европската Унија, истакна Маричиќ.

На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан како и Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности. Исто така беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита во трите држави.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ