Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Белград, во Палата Србија го отвори Самитот „Отворен Балкан”, каде што учествуваат премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на претседателството на БиХ, Тегелтија и премиерот на Црна Гора, Абазовиќ.
Меѓу гостите на Самитот се и унгарскиот претставник Петар Сијарто, како и миниатерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу. Во салата меѓу гостите се и поранешноит американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил, како и претставникот на Фондацијата Сорос, Александар Сорос. Во поздравниот говор, Вучиќ нагласи дека е многу задоволен од тоа како се развива иницијативата Отворен Балкан, потсети дека си Саемот на храна и вино се отвараат поголеми перспективи за соработка, а на партнерите во Слободен Балкан, Ковачевски и Рама им порача дека во Србија имаат втора куќа. Особено ги истакна односите со Северна Македонија, со која, како што рече, немаат нерешени проблеми.