• Latest

Отворени за клевети, затворени за пописот

March 25, 2021
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Отворени за клевети, затворени за пописот

March 25, 2021 14:40
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од кампањата „Не отворам врата“ отворена е и Фејсбук страница со истото име, наменета за повик на бојкотот на пописот. Тоа е место и за споделување на вулгарни и клеветнички коментари и пораки, место за ширење лажни вести, дезинформации, теории на заговорот и експлицитен говор на омразата.

Таков пример е и манипулативната објава за граѓанското здружение НВО Инфоцентар, но се поврзува и со медиумската платформа на ЦИВИЛ. Објавата на „Не отворам врата“ гласи:

„CIVIL media, USAID и други NGO организации започнаа кампања за учество во “пописот” кампањата има два центри со две мотивациони крилатици #ПописКонечно и #ТиОдлучуваш, а всушност калето одлучува!

Погледнете само како префриганите од калето елегантно си се оградуваат од одговорност за заболените и умрените кои ќе ги предизвикаат ненормалниве кои насила туркаат попис во сред пик на пандемија.“

Овој пост го споделува партиската функционерка и портпаролка Јована Мојсовска од Левица, со коментарот:

„Штом Цивил се умешал – веднаш знаеш дека е на штета на државата“.

Каде Мојсовска од Левица го виде линкот меѓу проектот на НВО Инфоцентар и ЦИВИЛ, тоа веројатно го знае само таа самата, но сè друго е повеќе од очигледно. Целта е да се дискредитира ЦИВИЛ по секоја цена, во секоја прилика, па макар и со лажно и манипулативно клеветење и извртување на очигледни факти. Но, ЦИВИЛ не е единствената мета на овие напади. Со ваквото однесување во јавната комуникација, луѓето на оваа партија грубо ги омаловажуваат граѓанките и граѓаните, како и целата држава.

Инаку, злоупотребена е информацијата за активност на НВО Инфоцентар под мотото #ПописКонечно со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project – North Macedonia). Се чини дека самата објава на Фејсбук страницата и коментарот на партиската портпаролка ги искривуваат фактите за активноста на НВО Инфоцентар само колку да имаат повод да напишат нешто на сметка на ЦИВИЛ, па не им е важно ниту дали ќе испадне дека не знаат дури ни да читаат. Најважно им е лажно ја информираат јавноста и да спроведуваат црна кампања во која, според правните експерти, има и елементи на кривично дело.

Лидерот и функционерите на партијата на која и Мојсовска ѝ припаѓа, не пропушта ниту еден ден да се занимава со ЦИВИЛ и со претставниците на оваа македонска организација за човекови права која постои речиси 22 години и која во своето портфолио има повеќе од 100 успешни проекти за јакнење на демократијата и почитувањето на човековите права и слободи во земјата и надвор од неа. Необјасниво е зошто партијата на Мојсовска е практично опседната со ЦИВИЛ, бидејќи се работи за граѓанска организација, а тие, како политичка партија, имаат логичен „мегдан“ во парламентот.

Пописот е сечија придобивка и интерес за понатамошниот развој на државата и подобра иднина на сите граѓанки и граѓани во земјата.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ