Институтот за човекови права на прес-конференција во ЕУ Инфо Центар, утре со почеток во 11 часот, ќе го презентира Третиот мониторинг извештај „Реформи во судството – јануари-март 2018″, дел од проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството” во соработка со Институт за европска политика и Македонското здружение на млади правници.
Наодите ќе ги презентираат Мирослав Драганов, извршен директор на Институт за човекови права, Ива Цоневска, проектен соработник во Институтот за европска политика и Ангела Шумкоска, проектен соработник во Македонско здружение на млади правници.
Говорниците преку своите презентации ќе се обидат да дадат одговор на прашањата што навистина се случуваше на седниците на Советот на јавни обвинители, а што на Судскиот совет, колку реално доцнат реформите во судството и кои се последиците, дали се објавуваат пресудите донесени во име на граѓаните и колку реално се извршуваат одлуките на судот во Стразбург.
Б.Ј.