Доколку денеска се одлучите да се регистрирате во електронскиот систем на Управата за јавни приходи, ќе ве пречека error 500.
Односно, системот ќе ги прими вашите податоци, но нема да ви го издаде барањето кое потоа треба лично да го доставите на шалтерите во УЈП. Постапката потоа, не може да ја повторите затоа што системот веќе ве регистрирал но не ви издал потврда за регистрацијата.
На телефонот за информации, вработените се веќе запознаени со проблемот, па едноставно не го ни дослушуваат вашето прашање и ве прекинуваат со веќе подготвен одговор „системот е таков, нема што друго да правите, ќе си дојдете тука и ќе ви издадеме барање кое ќе го пополните и поднесете“.
Останува прашањето, зошто ни е електронски систем кој ги покажува своите слабости уште на самиот почеток?