ЗОРАН ИВАНОВ
„Како тоа новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија? Каде отидоа овие луѓе и нивните наследници од овој краток 30 минутен документарен филм снимен пред само 30тина години“, се прашува Никола Груевски од Будимпешта.
Ха, е каде де.
Нема Македонци во Бугарија?
Е, па, нема.
И нормално ќе нема кога силна струја во неговата партија две, три децении во својата ментална матрица, на сметка на националното промакедонство, го негува и го форсира анационалното пробугарство.
Од партиско пафтање со бугарски знамиња до грандиозни скапи бронзани споменици на историски потврдени Македонци – Антимакедонци.
Затоа, сега токму нашите Македонци во Бугарија треба да ги прашаат во партијата што тоа им сторија со дејствијата на влијателните бугарофили во ВМРО-ДПМНЕ.
Би било фер, и дотичниот, и актуелното партиско раководство, да не се прават недоветни и да не глумат дека паднале од Марс, туку барем да им се извинат.