ЦИВИЛ – Центар за слобода во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, организира панел дискусија „На „балот“ за човековите права на Ромите“, која ќе се одржи на 06 април 2021 година, вторник, во хотелот Сити Парк (спроти Фонтана, Градски парк), во Скопје, со почеток во 13 часот.
На дебатата се поканети претставници од власта, граѓански активисти, Народен правобранител, МТСП.
Ром(к)ите честопати се мета на најразлични предрасуди и осуди од општеството, истовремено заборавени од институциите и политичарите, кои се посетувани единствено во време на предизборието. Во фокусот на панел дискусијата, ЦИВИЛ повторно ќе праша – Кој ги тркала Ромите сите овие години наназад? Што е со сите (празни) ветувања? До кога ќе започнуваме процеси на нивна интеграција во општеството на кои крајот не им се гледа?
Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ. Како и секогаш, редакциите со кои ЦИВИЛ има соработка се поканети да ги преземат сите медиумски содржини со соодветна атрибуција и линк.
Панел дискусијата ќе трае околу еден час. За време на дискусијата, тимот на ЦИВИЛ ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи и дел од нив ќе ги пренесе до учесниците во дискусијата.
ЦИВИЛ, Тим за комуникции