ЦИВИЛ организира јавен настан „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“, на 21 декември (вторник), со почеток во 11 часот, во Прес центарот на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“.
Како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021? – е главното прашање на кое ќе одговорат Суад Скендери – Ромалитико, Аделаид Каришиќ – Бошњачки истражувачки центар Скопје и Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“. Настанот ќе го модерира Дехран Муратов од ЦИВИЛ.
Настанот ќе се емитува во живо на Фејсбук и Јутуб каналите на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панелот, ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.
Медиумите ќе може да се вклучат преку Зум линкот кој ќе биде доставен.