ЦИВИЛ денеска ќе одржи јавен настан на тема „Младите за мултикултурализмот и (не) дискриминацијата“ на 15 јуни 2022 година (четврток) , со почеток 13 часот.
На настанот ќе се говори за младите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.
Учесници на панелот ќе бидат Селва Мустафи од „Романо Авази“, Сотир Габелоски Советник во општина Крушево, Дино Блажески УМС на ВМРО-НП.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и Европски прашања на Големото Војводство Луксембург.