• Latest

Паника, револт, конфузија – блокадите и лажните бомби добро осмислен напад со улога и на домашни центри

December 10, 2022

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Паника, револт, конфузија – блокадите и лажните бомби добро осмислен напад со улога и на домашни центри

December 10, 2022 19:04
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на руската агресија во Украина се почести се хибридните закани и напади изведени од домашни и надворешни центри, како во Северна Македонија, така и во останатите земји од регионот. Освен нив постојани сме изложени и на напалив на дезинформации, објавува Либертас.

Освен стандардните хакерски напади врз клучните институции, овој пат нападите кои очигледно имаат цел да предизвикаат тензија, револт и конфузија, а со краен исход да се влијае врз безбедноста, е со поинаква тактика. Жителите на Скопје, речиси секојдневно, се соочуваат со лажни дојави за бомби, прво во страв се ставаа родителите и учениците во училиштата, а сега, во последните денови, и сите граѓани на поинакви високофрекфентни локации, како трговските центри.

Дојавите за бомби во училиштата е јасно дека се дел од добро искреирано сценарио, и не само што создаваат хаос и паника меѓу учениците и родителите, тие истовремено трошат средства и време на полицијата и нејзините ресурси.

Ваквите хибридни напади, кои Министерството за внатрешни работи ги третира како терористички, во изминатава недела беа надополнети и од блокадите на приватните автобуски превозници, па жителите на Скопје беа изложени на нервози, тензии и ненавремено извршување на секојдневните обврски.  Приватните превозници предводени од директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, инаку еден од првите и гласните поддржувачи на Данела Арсовска во нејзината градоначалничка кампања, со блокирање на крстосниците практично ја искористија замрената локална власт во Град Скопје, но наместо да издејствуваат реализација на нивните барања, тие донесоа само хаос и дполнително ангажирање на полициските сили.

Токму креирањето тензии и создавањето револт и конфузија низ главниот град е една од алатките на хибридната војна, со која странски актери и деструктивни сили се обидуваат да ги дестабилизираат помалите и покревки земји-членки на НАТО, во обид да создадат дури и дестабилизација во самата Алијанса.

Но, веќе на сите им е јасно дека во примерот во Скопје, освен со учевство на странски актери, координираните хибридни напади се под огромно влијание и домашните актери, па многумина го споменуваат делувањето на Ленин Јовановски, но секако и на дел од опозицијата. Јовановски не ја крие својата поддршка за рускиот претседател Владимир Путин, со кого и неколку пати се има сретнато преку моторџискиот клуб „Ноќни волци“, па затоа граѓани коментираат дека тој е своевиден извршители на руските интереси во државата.

Тие редовно споделуваат проруски пропагандни објави и ставови за руската агресија во Украина. „Ноќните Волци“ им дадоа поддршка на протераните руски дипломати, испраќајќи ги до македонско-српската граница, со што уште еднаш ја потврдија својата ориентација и нивната наклонетост во хибридната и дезинформациона војна.

Но Јовановски не застанува кај проруската пропаганда, тој исто така е активен и со пропагирање на политиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои, откако државата сана членка на НАТО и започна преговори со Европската Унија, содржат деструктивни елементи, со цел да прикажат дека двете најважни организации не вредат и дека изолацијата на Северна Македонија им е поважна од интеграцијата.

По социјалните мрежи често се гледаат и заеднички фотографии на Ленин со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во моменти кога на тлото на Европа се води војна и целиот западен свет, од кој е дел и Северна Македонија остро се спротивставува на Русија, про-руското крило во ВМРО-ДПМНЕ, очигледно добива се поголема моќ и не престанува да наоѓа начини како да ја дестабилизира државата.

Да не заборавиме дека Јовановски беше и еден од поактивните демонстранти, заедно со Мицкоски против Францускиот предлог со кој земјава по 17 години одложувања ги започна пристапните преговори со ЕУ. За време на тие протести, опозицијата со лаги и конструкции обвинуваше дека Владата го продава јазикот и идентитетот, но таквата инстант стратегија се покажа како неточна. Тие и тогаш создадоа паника и страв кај граѓаните изнесувајќи невистини на протестите, на собраниската говорница и преку партиски прес-конференции дека доколку се почнат преговорите македонскиот јазик ќе станел западно-бугарски дијалект. Но сето тоа им падна во вода.

Добро за државата е што во тие моменти надвладеа разумот, Собранието даде зелено светло на Владата за почеток на преговорите и така се покажа дека стравот и паниката за јазикот биле само еднократно оружје на опозицијата да игра на националистичка карта. Потоа, со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, македонскиот јазик беше ставен на еднакво рамниште со сите останати земји-членки на ЕУ со што се стави точка на дезинфомациите на опозицијата, вклучително и на Левица на Апасиев.

И додека кај ВМРО-ДПМНЕ, про-руските ставови се малку подзатскриени при јавните настапи, случајот со нивниот неформален коалиционен партнер Левица е сосема поинаков. Тие отворено застануваат контра стратешките определби на земјава преку промоција на про-руските ставови. Пратениците од партијата Левица се единствените кои се сретнаа со рускиот амбасадор во земајва, Сергеј Баздникин, само неколку дена по руската воена агресија врз Украина, во знак на поддршка на путиновата агресија. И така по кој знае кој пат, Апасиев демонстрираше дека е против евро-аталанските интеграции на државата, а со тоа се гради и впечатокот дека нему и на неговата партија му одговараат блокадите и хибридните напади низ Скопје, за да може да го користи хаосот за пропагирање на своите радикални ставови, особено во правец дека Северна Македонија не треба да ја гради својата европска иднина.

Дури и премиерот Ковачевски на самит во Виена ги повика европските авторитети сериозно да ги сфатат опасните делувања на Левица и на ВМРО ДПМНЕ затоа што се закана за европскиот пат на државата. И Брисел стана свесен дека ваквите состојби и дејствувања внатре, ја прават Северна Македонија одлична цел за хибридни напади, со цел да се предизвика страв и револт, во обид да се ослаби целата НАТО Алијанса. Сето тоа влијае на поделбата кај граѓаните и нивното постојано држење во состојба на страв и паника и ако на сето тоа се додадат лажните вести, тогаш навистина постои еден цел фронт деструктивни сили кои не и мислат добро на Северна Македонија.

Tags: блокадиВМРО-ДПМНЕлажни бомбиЛевицаруска агресија врз Украинахибридни закани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ