• Latest

Пановски: Констатирав правилно давање антибиотици и други лекови, во сите ковид центри постојано има присутен пулмолог

November 29, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Пановски: Констатирав правилно давање антибиотици и други лекови, во сите ковид центри постојано има присутен пулмолог

November 29, 2020 19:43
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство преку соопштение информира дека доктор Никола Пановски, универзитетски професор по микробиологија и експерт во својата област, ги посетил ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар на покана на министерот за здравство Венко Филипче.

Пановски, како што се наведува во соопштението, направил визита и преглед на пациенти и до министерот Филипче испратил стручно мислење за организацијата на ковид центрите, стручниот кадар и со каква терапија се лекуваат пациентите.

– Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог, а не како што пишуваат по социјалните мрежи дека таму лекувал на пример офталмолог. Со четворица од нив разговарав, со двајца лично, со две преку телефонска видео врска, напишал проф. д-р Никола Пановски во стручното мислење.

Во однос на начинот на лекување, Пановски констатирал правилно давање антибиотици и други лекови.

– Што се однесува до терапијата со антибиотици, за дијагнозата пневмонија, се почитуваат протоколите за лекување, и антибиотици се ординираат според клиничката слика, компјутерска слика на белите дробови и комплетни лабораториски наоди, каде се користи и најосетливиот маркер за диференцијација на вирусна од бактериска инфекција, прокалцитонинот. Се почитуваат протоколите за антибиотска терапија на пневмониии, како на пример монотерапија со респираторен кинолон, или комбинација на беталактам (цефтриаксон) со макролид (азитромицина најчесто) и кај тешките форми, каде нема ефект од оваа терапија или постои сомнение за болнички стекната пневмонија, се ординира карбапенем (имипенем или меропенем) со ванкомицин. Кај еден од случаите кои беа дел од анализата, лице кое покрај ковид има и леукемија, лекувањето е во корелација со хематолог, пациентот имал леукоцити 120, ЦРП 300, а сега со спомената терапија, леукоцитите паднале на 35, а ЦРП на 50. За сега немало потреба од употреба на колистин. Инаку кај нас, особено на КАРИЛ постојат болнички соеви на Грам негативни бактерии кои се остеливи само на колистин, стои во дописот на проф.д-р Пановски до министерот Филипче.

Доктор Пановски посочува дека освен во ковид центрите на интерните клиники, треба да се провери како се организирани и ковид центрите во внатрешноста.

– Министерот Филипче смета дека од големо значење е стручната експертиза на д-р Пановски, во борбата против вирусот Ковид 19, па затоа професорот има отворена покана  да допринесе со своето знаење и искуство и да посети други ковид центри, во останатите градови низ државата, се вели во соопштението.

На крајот од дописот проф. д-р Никола Пановски ја пофалил организационата структура која министерот Венко Филипче му ја доверил на проф. д-р Дејан Докиќ кој е назначен за координатор на ковид центрите во интерните клиники. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ