• Latest
(архива) Никола Груевски пред Кривичен, 2018 (фото: Киро Попов / kolektif)

Пансион „Кај Орбан“

December 19, 2018
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пансион „Кај Орбан“

December 19, 2018 11:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
(архива) Никола Груевски пред Кривичен, 2018 (фото: Киро Попов / kolektif)

(архива) Никола Груевски пред Кривичен, 2018 (фото: Киро Попов / kolektif)

Share on FacebookShare on Twitter

„На конак кај Виктор Орбан, цврсторакиот граничар на Средна Европа, се најде „оф леле, леле“ – бегалецот… Тој Никола, не е само пријател на Орбан, туку пред сѐ, на Вучиќ, во разбирањето на лудачкото севластие, побратим во проекциите на сенишната архитектура. Чудно е што азилот не го доби во Србија, туку мораше да отиде во Орбановиот логор, ограден со бодликави ежови“, пишува Љубодраг Стојадиновиќ во вчерашната колумна во „Пешчаник“, која во целост ја пренесуваме.

Кога некој има голема моќ, мора да мисли за неа. Што воопшто да чини со неа? Сѐ најлошо што умее и сѐ најдобро што не знае, сѐ освен своеволно да се откаже од неа.

„Моќта е создадена за оној кој ја има со страв да ја чува и со олеснување да ја губи!“, така зборуваше Агрипа, војсководец и советник на многу римски цареви. Според неговото искуство, моќта и главата се губеле истовремено. Иако власта се губела токму во согласност со тие сурови правила на владеење, и, и покрај нив.

Го видовме избеганиот поранешен премиер на Македонија, Никола Груевски, како осамен талка по улиците на Будимпешта, откако во последен момент избега од туѓото, славно античко и своето криминално минато. Ќе бидат неопходни години, ако е тоа воопшто возможно, Скопје да се ослободи од грдата инвазија од споменици на филипи и александри, лавови, дорски и јонски столбови, коишто не држат ништо над себе… Освен погубниот провинцијален кич и амбициите на малиот Никола, на трусното скопско подрачје повторно да го изгради одамна урнатото туѓо царство.

Не му дадоа да го доврши сѐ она што го намисли. Еден ден пред бегањето доби културна покана поради бројните злодела, да ја „задолжи“ скромно наместената соба во скопскиот затвор Шуто Оризари, скратено „Шутка“.

Тој Никола не е само пријател на Орбан, туку пред сѐ, на Вучиќ, во разбирањето на лудачкото севластие, „брат“ во проекциите на сенишната архитектура. Чудно е што азилот не го доби во Србија, туку мораше да отиде во Орбановиот логор, ограден со бодликави ежови.

Во периодот на оние тепачки во Собранието на Република Македонија и последните обиди за спасување на војникот Груевски, сред салата, се беше нашол лојалниот човек на Бата Гашиќ, таен српски агент на јавна работа. Своето присуство таму каде што не смее да биде го објасни со луцидната реченица: „Си одам јас така по улица, слушам некоја бучава, гледам толпа и си велам ај да видам што се случува… “

Се сеќавате, Вучиќ тогаш со огорчување зборуваше за разните балкански аналогии, што би можеле да го инфицираат Белград, најчесто кукајќи поради „македонското сценарио“. Но, тоа сѐ уште не се случи, тоа сценарио едноставно, нема никаква врска со нас (во Србија – н.з.). Она што ќе се случува ќе биде само наше, ако што било од тоа може да биде сосем оригинално. Но, тука не станува збор за моделот на паѓање. Во конечниот биланс сронувањето на тоа што не чини – е неизбежно.

„Соблечете му ја одеждата на владетелот, тргнете ја од него стражата, исфрлете го од палатата, одземете му го она што го присвоил, жигосајте го како проклета битанга. Од него ќе остане само гола, кутра будала. Тоа што бил и претходно!“.

Така во своите белешки за формата и суштината на власта пишуваше славниот неранимајко и мизантроп, Емброуз Г. Бирс. Дали овој негов став може да се разбере само како слика на личнот однос кон владетелите или како портрет на некој нему познат опскурен, кутар лигуш, не е познато. Но, тука многу работи можат да се препознаат како дел од самодржечкиот универзум, од каде дознаваме дека тајните моќи, всушност, не псотојат. Сѐ е само привид, што го чуваат авторитетот на заробената држава, керберската форма, мафијашката суштина, богатството и стравот.

 

Но, повторно да одиме до Будимпешта. На конакот или во пансионот „Кај Виктор Орбан“, цврсторакиот граничар на Средна Европа, се најде „оф леле, леле“ – бегалецот, кој всушност, ја докажува онаа Бирсова илустрација на голата власт пост фестум. Што ќе работи тој таму ако не зел со себе доволно пари, ќе мора да очекува од домаќинот да му додели некоја платичка колку за гол живот. Орбан не сака дојденци, неговата ксенофобија не може да се измери, кој знае што може да се случи по неколку месеци: „Чекај бе, кој е оној клошар со црвената јакна?“

Но, сепак, суштината не е во судбината на еден, лично безначаен дилбер и пропалитет, кој по некое чудо се нашол на врвот и потоа, природно слетал во кал. Што ќе се случи со новите кандидати бегање во спас?

Дали „големиот пријател на нашиот народ“, Виктор Орбан, би имал барем уште едно место?

Во овој момент, отворањето на новиот бунгалов за опасните балкански штетници, кои би морале да се провлечат низ Орбановата жица, изгледа многу далеку. Не верувам дека човекот е расположен да создава колекција на угледни пропалитети. Алтернативата би морала да биде полоша: судење пред чесен судски совет, при што е непоходен оној превентивниот третман на Бирс.

Далеку сум и од помисла да поттикнувам кого било, под закана, да бега оттука. Тоа секој, кого го засега, самиот ќе процени и ќе го направи. Или, пред неспорните аргументи на побунетата улица, ако ја има таа среќа, пред тоа да не го фатат.

На пример, од своите резиденции, во доживотно изгнанство избегале Иди Амин, сопственикот на Уганда, царот на Централноафричката република, Бокаса Први, диктаторот на Либерија, наредникот Семјуел Доу, владетелот на Гана, поручникот Џери Ролинс…. Списокот е долг, ова се само егзотичните примероци на вечните дикататори.

И сега, тоа е Никола Груевски, меѓу таа елита на цареви… Првиот повоен европски премиер кој избегал од престолнината и од својата држава, кои претходно, посветено ги девастираше.

Барем на своите пријатели им го покажа патот по кој поретко се оди, ама се стигнува.

 


фотографија: Киро Попов/kolektif.mk

Tags: „македонско сценарио“бегалецБудимпештаВучиќГруевскиИди АминОрбанШутка
Share42TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ