Папата Франциск апелираше да престане блокадата на извозот на жито од Украина. На крајот од неделната генерална аудиенција на Папата во Ватикан, Светиот Отец повторно се сврте кон тековната војна во Украина, пишува Vatican News, пренесува Укринформ.
„Голема загриженост“, изрази Папата, „е блокирањето на извозот на жито од Украина, од кое зависат животите на милиони луѓе, особено на најсиромашните земји“.
„Искрено апелирам да се направат сите напори за да се реши ова прашање и да се гарантира универзалното човеково право на храна.
„Ве молам, не користете ја пченицата, основна храна, како воено оружје!
Светиот Отец ги осуди овие недостатоци од храна предизвикани и влошени по руската инвазија на Украина.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ ги осудија напорите на Русија да предизвика глобална прехранбена криза и го повикаа Кремљ веднаш да ја прекине блокадата на украинските бродски рути, што го попречува извозот на украинското жито на меѓународните пазари.
Претходно, претседателот Зеленски изјави дека напаѓачите украле најмалку половина милион тони жито на привремено окупираната територија на Украина и бараат начини како нелегално да го продадат.
Поради блокадата на украинските поморски пристаништа, 7 милиони тони пченица, 14 милиони тони пченкарно жито, 3 милиони тони сончогледово масло и 3 милиони тони сончогледово брашно не можат да стигнат на светскиот пазар. Ова веќе доведе до рекорден пораст на цените на глобалниот пазар и неизбежно ќе резултира со глобална криза со храна и зголемена инфлација.
Подготви: Д.Мишев