• Latest
Добро утро со Орданоски

Парите се отепувачка, ако не се туѓи

September 20, 2017
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Парите се отепувачка, ако не се туѓи

September 20, 2017 07:59
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]К[/dropcap]ога ќе ги натерате другите јавно да ја повторуваат вашата лага, тогаш и тие стануваат соучесници во таа лага, а некои од нив продолжуваат да ја бранат дури и кога вие ќе се откажете од неа. Тоа се нарекува перфектна конспирација. Кога тоа, благодарејќи на својата агресивна пропагандна машинерија, ќе го раширите како масовна лага, тогаш станува збор за заговор со општествени димензии.

Тоа е раширената општествена лага за големите странски инвестиции во Македонија репетитивно раскажувана со невидена ароганција која со години ни ја „џвакаше“ тандемот економски генијалци Груевски и Ставрески и уште десетици други министри, директори, промотори и пропагандисти разместени малку по институции и кабинети, а многу повеќе по бизнис лонжови и луксузни хотели на сите четири страни од светот. Сега, кога на површина излегуваат податоците за тоа колку нас, како даночни обврзници, нè чинеле овие странски инвестиции – во форма на директни дотации, даночни олеснувања, неплатени придонеси, непресметани царини, рекламни кампањи, патни трошоци и тн. – станува јасно дека и тоа е уште едно од Потемкиновите села на бившата власт наменето за вработување гласачка машинерија за минимални плати и за земање провизии за лично богатење.

Добро, не велам дека, на почетокот, намерите им биле лоши; но „по пат“ требало да сфатат дека им биле погрешни. Бидејќи нема математика која нема да покаже дека, да се вложеа тие, плус-минус, половина милијарда евра во македонската домашна економија, ефектите сигурно ќе беа подобри. А локалниот бизнис, со адекватна поддршка од државата, ќе привлечеше и повеќе странски инвеститори.

Впрочем, Груевски и Ставревски никогаш ништо самите не направиле во областите што ги водеа, немаат вложено (или јас барем не знам) сопствена жолта пара во некој локален бизнис; немаат задоцнето со враќање банкарска рата за никаква лихварска камата со заложен имот и на родителите за некаква деловна идеја; го немаат почувствувано стресот да се наближува први во месецот, а да не можеш да стокмиш макар и минимална плата за вработените во сопствената фирма; не биле на ниту еден шалтер каде се вадат дозволи, лиценци, одобренија или тендерски документации; не знаат што значи да ти се појават инспекторите од УЈП или од пазарна инспекција ненајавени на врата… Знаете како викаат: ако не ја знаете цената на парите, одете и обидете се лично да позајмите од банка. Бидејќи, лесно е да се трошат туѓи пари на кои никој тебе не ти засметува камата.

И затоа ми се допаѓа овој пристап на новата Влада да изложат несовршени планови за реконструкција на распаднатата економија, јавно да ги образложат пред домашната и меѓународна стручна и бизнис-јавност и да издржат жестоки критики и сомничави прашања од заинтересираните страни. Плус, во споредба со Грујо и Ставре, новиот економскиот двоец на Заев и Анѓушев ми делува како подвижна енциклопедија на македонското стопанство, во делот на успешните бизнис-приказни. Јас, спокојно, би им дал време да покажат што знаат. Ако ништо друго, овие двајца не зборуваат на памет.

[divide]

Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: АнѓушеввладаГруевскиЗаевСтавревскистрански инвестиции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ