Пазарџиите утрово излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија во знак на револт спрема новиот закон, со кој се бара од нив да обезбедат лиценци и им се забранува на пензионерите да продаваат на пазарите, со што им се наложуваат нови обврски и им се зголемуваат давачките.
Имено лиценците за тезги, кои ќе ги издава Стопанската комора на Македонија, чинат 3600 денари, а за втора тезга треба да одвојат 2400 денари.
Согласно новиот закон пензонерите, социјалните случаи, стечајците и хонорарците нема да можат да работат на пазарите во земјата.
Пазарџиите бараат или да се одложи или да се повлече законот.
J. M. П.