По првиот дел од лидерската средба која во моментов се одржува во вила Водно, започна вториот дел на кој лидерите ќе зборуваат за можноста од предвремени парламентарни избори.
На прес-конференцијата, на паузата меѓу двете точки претсетдателот Стево Пендаровски го изнесе својот став околу предвремените избори.
„Мојот првичен став е дека тоа мора да биде апсолутен консензус на партиите на власт и тие во опозиција. Во 2008 тогаш бевме одбиени за НАТО и партијата на власт се врати и распиша избори. Тоа не ни треба. Јас инсистирам и кај партиите за консензуално договарање за изборите. Но ги информирав лидерите дека кога сите членки на НАТО ќе го ратификуваат протоколот за НАТО има уште еден чекор, треба ние да го ратификуваме. Да не дојде за техничка причина односно ние да немаме Собрание да го ратификуваме. НАТО ни треба час поскоро!“, изјави Пендаровски.
А. Зеќири/М. Ивановска