• Latest

Пендаровски: Милков нека прошета до Ваташа да види дел од традицијата на колежи и насилство

January 24, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Милков нека прошета до Ваташа да види дел од традицијата на колежи и насилство

January 24, 2023 10:09
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Пендаровски во изјава по седницата на Советот за безбедност која се одржа вчера, ја оцени како „грозна“ изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, кој рече дека во Македонија „се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе“.

Пендаровски го упати бугарскиот министер „да прошета до Ваташа и да види дел од традицијата на колежи, стрелање и насилство“, алудирајќи на злогласниот масакр во кавадаречкото село, извршен во Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор, кога биле стрелани дванаесетмина младинци од селото.

„Во однос на изјавата на господинот технички министер за надворешни работи… Тоа е прилично грозна изјава… вели: „Во Македонија се враќа традицијата на колежи, стрелање и насилство’. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот ‘41-’44 (окупацијата на Бугарија врз Македонија*).

-Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, изјави Пендаровски.

Претходно, Претседателот Пендаровски изјави и дека предложил да им се забрани влезот во земјава на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и на европратеникот Ангел Џамбаски.

Пендаровски со порака до бугарските власти.

„Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи, ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме“, рече претседателот, додавајќи дека ова го прави секоја сериозна држава во светот, вклучително и Бугарија.

„Предлагам во наредниот период далеку подобра координација меѓу надлежните институции од двете земји, со цел да не дозволиме европската агенда и билатералните односи да станат жртва на анахрони националистички и популистички политики од двете страни“, рече Пендаровски.

Tags: ВаташаМилковПендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ