• Latest
Претседателот Пендаровски на виртуелниот Глобален самит за борба против КОВИД-19, извор: ФБ страница на претседателот Пендаровски

Пендаровски на Глобалниот самит за борба против КОВИД-19: Вакцинацијата е клучна, да се спроведе без одлагање

September 22, 2021

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Пендаровски на Глобалниот самит за борба против КОВИД-19: Вакцинацијата е клучна, да се спроведе без одлагање

September 22, 2021 20:50
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Претседателот Пендаровски на виртуелниот Глобален самит за борба против КОВИД-19, извор: ФБ страница на претседателот Пендаровски

Претседателот Пендаровски на виртуелниот Глобален самит за борба против КОВИД-19, извор: ФБ страница на претседателот Пендаровски

Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата против Ковид-19 ширум светот е од клучно значење без одлагање, рече претседателот Стево Пендаровски во видео обраќањето на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19 „Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната“.

Самитот е организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк.

За да се достигне висока стапка на вакцинација на глобално ниво, како што рече претседателот Пендаровски, сите треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини.

Шефот на државата изрази поддршка на заедничките глобални цели за справување со пандемијата од Ковид-19, презентирани од американскиот претседател Бајден, оценувајќи ги како клучни за запирање на оваа закана.

-Повеќе од една година, сите ние живееме со катастрофалните последици од пандемијата, сиромашните и ранливите поединци и општества, се разбира, несразмерно повеќе од другите. Ниту една земја не може сама да ја запре оваа пандемија. Потребно е да соработуваме, да се поддржуваме едни со други и да запомниме дека Ковид-19 не е под контрола никаде се додека не е под контрола секаде. Северна Македонија ги поддржува заедничките глобални цели кои беа презентирани денес од страна на претседателот на САД, Џо Бајден, и ги смета за клучни за да се запре оваа закана, рече Пендаровски во обраќањето.

Тој додаде дека 55 отсто од граѓаните во земјава се веќе вакцинирани со барем една доза.

-Додека јас зборувам, 55 проценти од населението во Северна Македонија веќе е вакцинирано со барем една доза. Оттука, апсолутно сме сигурни и даваме ветување за целосно вакцинирање на најмалку 70 проценти од населението до крајот на оваа година. Меѓутоа, за да ја достигнеме оваа цел на глобално ниво што е можно поскоро, сите ние треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини. А, во исто време, треба да се бориме со деструктивните ефекти од лажните вести и кампањите за дезинформација со ширење на вистина и транспарентност, истакна претседателот.

Вакцинацијата, додаде, сама по себе не е доволна. За да го излечиме светот, како што нагласи претседателот Пендаровски, мора да поставиме основи на поотпорен, интегриран, праведен и инклузивен глобален здравствен систем кој ќе ни помогне да спречиме, откриеме, реагираме и закрепнеме од какви било идни пандемии или други глобални здравствени закани. / МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ