• Latest

Пендаровски на Самитот Украина-ЈИЕ во Тирана: Ќе пружаме непоколеблива поддршка се додека не се постигне мировен договор

February 28, 2024

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пендаровски на Самитот Украина-ЈИЕ во Тирана: Ќе пружаме непоколеблива поддршка се додека не се постигне мировен договор

February 28, 2024 14:17
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да обезбеди помош од 50 милијарди евра, како и изгледите за обезбедување на околу 90 милијарди долари од страна на американскиот Конгрес, се сметаат за соодветен правец на дејствување. Северна Македонија беше меѓу првите нации што и пружи воена, техничка и хуманитарна помош на Украина. Досега имаме испорачано 12 пакети помош, со вкупна вредност од 60 милиони евра, истакна претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, што се одржува во Тирана.

Фото: Фејсбук

Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, нагласил дека заедно со нашите НАТО сојузници и со истомислениците, ќе продолжиме да се спротивставуваме на нападот врз независноста на Украина, барајќи одговорност за сите извршени злосторства со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства.

-Денес од Тирана, мора да ветиме дека и натаму ќе ја пружаме нашата непоколеблива поддршка, се додека не се постигне мировен договор, кој ќе ги одрази аспирациите на украинскиот народ. Покрај тоа, подготвени сме да ја поддржиме Украина во слободното исцртување на нејзиниот иден курс, вклучително и нејзината желба за интеграција во Европската Унија и во НАТО, порача претседателот.

Тој истакна дека веќе една деценија, херојскиот украински народ е доказ за огромна жртва, издржливост и непоколеблива верба во победата на доброто над злото.

-Мора да разбереме дека, всушност, борбата за слобода на Украина се води во име на целиот демократски и цивилизиран свет. Во овој критичен момент, влогот за сите нас е огромен и ги надминува географските граници, одекнувајќи секаде каде што постојат мирни демократски општества, рече претседателот.

Успехот на украинските вооружени сили, оцени Пендаровски, не зависи само од нивната решителност и храброст да се спротивстават на агресорот, туку и од многу потребната финансиска, логистичка и воена поддршка што ја даваат пријателските народи.

-Наспроти загриженоста за исходот од изборите во САД и ЕУ, како и можните последици од настаните во Украина, треба да ни биде јасно дека ниту една одлука, спротивна на волјата на украинскиот народ, нема да ги постави темелите за мир. Ваквите дејствија само би служеле за озаконување на насилството и свирепите дејствија извршени во претходните години. Анексијата на Крим пред една деценија треба да послужи за сите нас како суров потсетник: олеснувањето не успеа да го запре конфликтот – наместо тоа, ја охрабри Русија да ги повтори своите агресивни модели на дејствување во источна Украина, заклучи Пендаровски во своето обраќање на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана.

Tags: ПендаровскиУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ