• Latest

Пендаровски: Правото на образование е клучот што ја отвора вратата за разбирање и уживање на сите други права и слободи

December 15, 2022
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Правото на образование е клучот што ја отвора вратата за разбирање и уживање на сите други права и слободи

December 15, 2022 14:49
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Правото на образование е едно од фундаменталните права и е насочено кон сестран развој на личноста. Ако Универзалната декларација е во симболична смисла – дом на човековите права, тогаш правото на образование е клучот што ја отвора вратата или кодот што е неопходен за разбирање и уживање на сите други права и слободи. Без соодветно образование многу права ќе бидат само декларативни.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на панел-дискусија под наслов „Човековите права од образовни перспективи“ на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје по повод 10 декември – Денот на човековите права.

Тој посочи дека и денес, образованието кај нас, но, и во многу други држави, се соочува со повеќе предизвици, од кои издвои два, дискриминацијата и демотивацијата.

„Дискриминацијата во образованието е една од најдеструктивните бидејќи го поткопува човековото достоинство и го уназадува развојот на човековата личност, а најчести жртви се децата и младите„ вели шефот на државата.

Тој потсети дека вчера, на 14 декември се навршија 62 години од усвојувањето на Конвенцијата против дискриминација во образованието на УНЕСКО, која ја забранува дискриминацијата врз основа на раса, боја на кожа, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или социјално потекло, економска состојба или раѓање. Иако Конвенцијата придонесе за значаен напредок, сепак, се уште егзистираат нови и стари форми на дискриминација во образованието.

“Последниот Извештај за човековиот развој на УНДП потврди дека се шири јазот на нееднаквоста во државите, вклучително и јазот во дигиталното образование. Највисоката цена ја плаќаат најсиромашните, кои се најранливи во кризни времиња. Познато е дека, на пример, пандемијата ги исклучи оние ученици и студенти кои немаа пристап до брз интернет или до соодветен компјутер за да ја следат онлајн наставата”, истакна Пендаровски.

Но, додаде тој, освен новите се уште постојат и стари форми на дискриминација, како што се стереотипите и предрасудите што водат до маргинализација и врсничко насилство.

„Вo февруари годинава македонската јавност дозна за случајот на 11-годишното девојче од Гостивар кое поради Даунов синдром беше маргинализирано во наставниот процес. Минатиот месец, се сретнав со семејството на ученикот од едно основно училиште во Градско, кој бил изложен на континуирано врсничко насилство од страна на соучениците во последните две години. Ова се само два од, за жал, многубројните случаи што оставаат трауми во животите на учениците и на нивните семејства. Овие два случаи покажуваат дека подеднакво можат да бидат дискриминирани и децата со типичен, но и оние со атипичен развој„ рече Пендаровски.

Тој понатаму истакна дека инклузијата во образованието не е само формално-правна, тоа е и наша морална обврска.

„ Државата мора, во соработка со наставниот кадар и семејствата, да ја прекине спиралата на насилство. При тоа, секој треба да биде свесен за последиците од своите постапки. А токму тоа е функцијата на образованието, но и на воспитанието – да им помогнат на младите да станат одговорни членови на заедницата.

Инклузивното образование е многу повеќе од можност за физичко вклучување во секој сегмент од општеството. Тоа подразбира и промовирање на инклузивни вредности. Не е доволно да има пристапни рампи во училиштата и универзитетите за учениците и студентите со физичка попреченост, ако тие, од прагот, натаму не се чувствуваат добредојдени и прифатени„ потенцира Пендаровски.

Во однос на проблемот со демотивацијата, пак, како втор голем предизвик на образованието во земјава, Пендаровски нагласи дека краткиот преглед врз состојбите открива дека имаме ниски вложувања во образованието и раширената перцепција дека тешко се напредува врз основа на сопствените квалитети. Оттука се, вели, и лошите резултати и ниското рангирање на меѓународните тестови за ученици и студенти, бидејќи кога младите луѓе не се убедени дека образованието ќе им помогне да напредуваат и да успеат, тогаш бараат алтернативни коридори.

 „Еднаквото човечко достоинство во општеството не се постигнува преку еднаква распределба на богатството или моќта, туку преку еднаков пристап и можноста за квалитетно образование. Многу повеќе од богатството и од моќта, токму образованието е клучот за човечкото достоинство.

За да го решиме проблемот со демотивацијата, неопходно е образованието да добие вистински третман во општеството. Потребни се системски зафати за да имаме сеопфатно, квалитетно и дигитализирано образование, прилагодено на современите светски трендови и на пазарот на трудот. Мора да вложуваме далеку повеќе во секоја етапа од образованието, да ја зајакнеме релацијата меѓу образовните институции и компаниите, да ја подигнуваме функционалната писменост и подготвеноста на младите за кариерен развој“, порача Пендаровски.

Притоа, истакна Пендаровски,  дека преку образованието не стекнуваме само вештини потребни за пазарот на трудот, туку и светоглед што треба да ни помогне да се ориентираме во животот. Инклузивното и квалитетно образование е предуслов за слободна размена на идеи и знаења што го прават животот вреден за живеење.

Подготви: Н.Абдурахмани

Print Friendly, PDF & Email
Tags: образованиеПендаровскичовекови права и слободи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ