„Триесет години никој немаше храброст, никој немаше доволно знаење и посветеност да го реши тој проблем за кој најголемите светски дипломати мислеа дека е нерешлив. Оваа политичка структура во која сум и јас го реши и ја прецесуираше Македонија во најголемата алијанса. Со тоа Македонија со 1,8 милиони луѓе е заедно со најголемите и најразвиените светски велесили“, рече во Велес кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.
Тој и порача на неговата противкандидадтка од ВМРО-ДПНМНЕ Гордана Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата.
Претседателот Пендаровски додаде дека пред четири години Силјановска кривично ќе ги гонеше потписниците на Преспанскиот договор, а денес е благодарна на НАТО.
Н. А.