• Latest

Пендаровски: Ситуацијата со КОВИД-19 да не се користи за добивање на политички поени

October 29, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Пендаровски: Ситуацијата со КОВИД-19 да не се користи за добивање на политички поени

October 29, 2020 13:52
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска во претседателската „Вила Водно“ ја одржа деветата седница за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19, на која присуствуваа сите постојани членови на Советот, освен професорот Марковиќ, кој е отсутен поради професионални обврски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а надвор од постојаниот состав, присуствуваше и министерот за здравство, на покана на претседателот Пендаровски.

По завршувањето на седницата, Пендаровски истакна дека на дневен ред имале само една точка, односно актуелната ситуација со КОВИД-19 и мерките и активностите на надлежните органи за сузбивање на пандемијата.

„Министерот Филипче нè информираше за најновата состојба, за ангажираните капацитети, човечките и материјалните ресурси, за работата на Комисијата за заразни болести и за плановите за работа на болниците низ земјата, поради прифаќање на напливот на нови пациенти. Премиерот информираше детално за мерките на Владата за поддршката економија и на сите категории на граѓани кои се најмногу погодени од пандемијата.  Бевме информирани и за функционирањето на Централниот кризен штаб, луѓето во Кризниот штаб на дневно ниво следат што се случува во регионот и во Европа и се подготвени о најкус можен рок практично да ги применат најдобрите модели и кај нас“, истакна Пендаровски.

Претседателот додаде дека поради есенскиот бран на пандемијата здравствениот систем се реорганизира, се ангажираат дополнителни капацитети, се прават максимални напори да се тестираат што е можно повеќе лица и да се згрижат и третираат што е можно повеќе пациенти.

„За жал, сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме значителен број на заболени, а бројот на оние чии животи згасна поради КОВИД-19 исто така е во пораст““, додаде Пендаровски.

Во однос на сетот на мерки кои се применуваат, Пендаровски истакна дека јасно е дека не постојат мерки кои се препорачани од СЗО или се применуваат во некои други држави и даваат позитивни ефекти, а не се применуваат кај нас.

„Не очекувам и мислам дека никој не очекува оваа ситуација да се користи за добивање на политички поени, затоа што не знам како некој воопшто мисли да добива политички поени кога реално сите сме губитници со високите бројки на заразени и починати на наши сограѓани кои ги бележиме секој ден“, истакна Пендаровски.

Пендаровски додаде дека ситуацијата е исклучително сериозна, човечките и материјалните ресурси се ангажирани практично до својот максимум,и дека со оглед на тоа што доаѓа сезоната на сезонски грипови, следните недели сигурно нема да биде полесно.

„Со цел да истраеме, како никогаш досега потребни ни се одговорност, меѓусебна солидарност и претпазливост. Уште еден апел до граѓаните, во отсуство на вакцина или лек за оваа болест, нема друга алтернатива освен доследно почитување на заштитните протоколи, физичка дистанца, носење маска, и драстично намален број на дружби и семејни собири. Направете го тоа за себе и своите најблиски“, додаде Пендаровски.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ