• Latest
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на дебата во МТВ/Фото: Скриншот

Пендаровски: Со уставните измени го продолжуваме патот кон ЕУ

April 22, 2024

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Со уставните измени го продолжуваме патот кон ЕУ

April 22, 2024 00:47
in ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на дебата во МТВ/Фото: Скриншот

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на дебата во МТВ/Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Со уставните измени го продолжуваме патот кон ЕУ Кандидатот за претседател. Стево Пендаровски на дебатата во МТВ порача дека се потребни уставни измени за државата да продолжи по патот на евроинтеграциите.

„Јасно е дека ако влеземе во уставни промени ова што го заговараме некои од нас во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во устав заедно со други пет делови од народи, значи ако се отвора уставот, не би требало да се отвора секој понеделник, ако го отвораме можеме да го промениме и делот на овие 20%, се разбира и во делот на од суспензивно во апсолутно вето. Значи, немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно суспензивно треба да се менува устав, меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка кон Европската Унија треба да го направиме тоа. Инаку, вложив две вета, не едно. Првото е за диви градби на оваа коалиција која ме предложи и најавив две други кои не дојдоа до мене бидејќи знаеа дека ќе ставам вето и на тие. Јас сум човек претседател кој дал најмногу вета во историјата на Македонија“ посочи Пендаровски.

Тој додаде дека ви македонскиот Устав веќе се наведени бројни етнички заедници

„Ско збориме од домашен аспект како ќе го толкувате тоа што уште од рамковниот договор навака ние во Уставот и во преамбулата ги имаме Албанците како европска вредност или како уцена од било кого, Туци итн, да не ги набројувам. Реалноста на Македонија е ова што ја знаеме, мултиетничка. И ние бараме специфични модели во кои меѓусебе ќе коегзистираме за доброто на државата, наместо да се тепаме меѓу себе. Бугарската идеја е јасна, бугарскиот наратив комплетно да се преземе и ние тоа го одбивме. Останува само уште овие 3.500 Бугари, мало бугарско малцинство што живее овде да ги ставиме во уставот заедно со уште пет други делови од народот и тоа не е ништо чудно. Апсолутно не е ништо чудно. Од  90тите постои договор меѓу Романија и Бугарија за статусот на малцинствата во двете држави, да не ги кажувам овие други бивши југословенски републики“ рече Пендаровски.

Стево Пендаровски на дебатата на МТВ, запрашан дали барањето за внесување на Бугарите во Уставот е европска вредност или уцена, возврати со контрапрашање дали тоа што по Рамковниот договор ги имаме Албанците, Турците и останатите во Уставот е европска вредност или уцена.

„Реалноста на Македонија е таа, мултиетничка. Бараме специфични модели за да коегзистираме за доброто на државата“ рече Пендаровски. Тој додаде дека бугарската идеја е јасна, целосно да се преземе бугарската наратива, нешто што ние го одбивме. „Останува уште овие три и пол илјади Бугари да ги ставиме во Уставот, заедно со уште пет други делови на народи. Тоа не е ништо чудно“ рече Пендаровски.

Tags: „избори“политичка дебатаСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ