• Latest
Претседател на РСМ, Стево Пендаровски, конференција „Украина: Две години хероизам“, 26 февруари 2024 година
фото: Б. Јордановска

Пендаровски: Целосна поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина

February 26, 2024
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Пендаровски: Целосна поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина

February 26, 2024 10:34
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Претседател на РСМ, Стево Пендаровски, конференција „Украина: Две години хероизам“, 26 февруари 2024 година
фото: Б. Јордановска

Претседател на РСМ, Стево Пендаровски, конференција „Украина: Две години хероизам“, 26 февруари 2024 година фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, конференција „Украина: Две години хероизам“ ( 26 февруари, 2024 година).

Минатата година, на овој ист ден, посакавме никогаш повеќе да не се собираме за да ги одбележуваме годините на борбата за слобода на Украина, туку да го прославиме ослободувањето од рускиот окупатор и хероизмот на украинскиот народ.

За жал, денес, бруталната агресија врз оваа наша пријателска држава од страна на режимот на Путин навлегува во третата година, а загубите во човечки животи, страдањата на милиони луѓе низ целата земја, девастирачките последици и разрушувањата не се намалуваат.

За овие две години сме сведоци на сета нечовечност на еден режим отсечен од реалноста, кој како да е излезен од најтемните времиња на европската историја од минатиот век, во целосен расчекор со реалноста на 21 век. Таа персонална диктатура се обидува, не само да наметне ревизија на историјата, туку и да ги промени границите во Европа, во спротивност на сите меѓународно-правни договори кои ги гарантираат мирот, стабилноста и безбедноста на континентот по крајот на Втората светска војна.

Истиот тој режим, кој ги гази правдата и човековото достоинство и во сопствената држава, кој секојдневно ги прогонува, затвора и убива своите опоненти, се обидува да наметне визија за светот, во кој, деспотите слични на нив ќе бидат во позиција да ја одредуваат судбината на сегашните и идните генерации.

На патот на тие обиди, пропратени со невидена бруталност, на првата линија на отпорот, веќе десетина години, стои херојскиот украински народ поднесувајќи огромна жртва и покажувајќи истрајност и постојана верба дека доброто може да го победи злото. Затоа, војната за слобода која Украина ја води денес е за праведна кауза, во името на сиот демократски и цивилизиран свет, кој мора да продолжи да помага се до целосно ослободување на Украина, просто затоа што во таа борба, сите ние, немаме право на пораз.

Оваа војна е најголемата закана за мирот и европската безбедност, чиј исход ќе влијае врз поредокот, не само на нашиот континент, туку и во меѓународните односи во годините што доаѓаат. Војна која ќе покаже дали годините на демократски развој во Европа по крајот на Студената војна се залудно потрошени за реализација на една апстрактна идеја или пак, демократијата е сеуште жилава и доволно силна да покаже отпорност кон ретроградните и авторитарни режими и предизвиците кои тие ги создаваат.

Војна која ќе покаже дали примената на сила ќе стане основниот принцип кој треба да ја одредува природата на односите меѓу државите и во ова столетие или ќе остане на сила она што е запишано во Повелбата на Обединетите нации дека земјите- членки се рамноправни меѓу себе, независно дали се мали или големи. Евентуалниот триумф на овој ретрограден принцип излезен од архивите на минатите векови би бил рецепт за трајна нестабилност во светот, и враќање во едно не толку далечно минато, кога геополитичките игри и интереси на големите беа далеку посилни од слободната волја на народите.

Имено поради ова, влогот на сиот демократски свет е огромен, а консеквенците од одбранбената војна која Украина денес ја води ги надминува нејзините граници.

Во овој контекст, ние уште од првиот ден на агресијата се солидаризиравме и сочуствувавме со страдањата на милионите Украинци. Бевме меѓу првите земји која понуди воена, техничка и хуманитарна помош, и која гласно се спротистави на погазувањето на независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.

Нашата позиција не е променета и две години од почетокот на агресијата. Заедно со сојузниците во НАТО Алијансата постојано вложуваме напори помошта за Украина која и е повеќе од потребна, да не се одлага заради внатрешно-политичката динамика во државите- сојузнички. Успесите на Украина денес не зависаат само од волјата и потенцијалите на украинската армија, туку и од финасиската, логистичката и, пред се, воената помош која таа мора да ја добива. Секоја поинаква калкулација во овој контекст, ќе доведе до уште поголеми страдања, разрушувања во Украина и неизвесност за сите нас.

 Почитувани,

За два дена од денес, во Тирана, ќе учествувам на самитот Украина – Југоисточна Европа, каде што заедно со моите колеги ќе се сретнеме со претседателот Зеленски, со цел, да ја реафирмираме нашата јасна позиција за продолжување на помошта за Украина, поддршка за процесот на обнова на разрушените делови и за носење пред лицето на правдата на сите одговорни за ужасните злосторства со што ќе им дадеме барем малку утеха на најблиските на жртвите.

Со други зборови, ќе покажеме целосна поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина. Ако тој пат вклучува волја и подготвеност за интегрирање на земјата и во ЕУ и во НАТО, тогаш ние мораме да дадеме поддршка на украинскиот избор.

Ова се клучни предуслови без кои, не е можно решавање на конфликтот и постигнување траен мир и помирување, кога за тоа ќе бидат создадени услови.

Потребно е ова да го истакнуваме во секоја прилика затоа што е евидентно, од ден на ден, дека не е мал бројот на тие кои мислат дека со евентуалните промени на власта во неколку клучни демократски држави и организации во текот на оваа година, Украина ќе биде соочена со изборот да ги отстапи окупираните територии, во замена за мир, демилитирализација и воена неутралност.

Ваквиот исход би бил спротивен на волјата на украинскиот народ и ќе значи легитимирање на агресијата и сите злосторства извршени во изминатите години.  Најдобар доказ дека станува збор за сосема погрешни анализи е анексијата на Крим која се случи пред десет години и која поради отсуството на реакција на демократскиот свет, не го спречи натамошниот конфликт, туку само ја охрабри Моксва, истото агресивно сценарио да го спроведе и на истокот на Украина неколку години подоцна.

Затоа, во светло на последниот развој на ситуацијата на военото поле и повлекувањето на украинската армија од градот Авдиивка во источниот дел на државата, единствено сплотеноста на демократскиот свет и робусната поддршка за украинските вооружени сили би можела да ги спречи натамошните руски продори, но и да овозможи враќање на териториите се до границите на државата кои беа меѓународно признаени по распадот на Советскиот Сојуз.

Имајќи го ова предвид, неодамна донесената одлука на Советот на ЕУ за помош во износ од 50 милијарди евра и најавата дека американскиот Конгрес би можел да ја премости политичката блокада и да ја откочи помошта за Украина од околу 90 милијарди долари се вистинскиот начин на кој треба да се делува во иднина.

Во овој контекст, зборовите на американскиот државен секретар, дека ако Украина престане да се бори, ќе престане да постои, но ако Русија престане да напаѓа, ќе престане војната, најдобро ја опишуваат денешната ситуација и изборот со кој е соочен украинскиот народ, кој се бори за својата татковина и за својата иднина.

Во таа борба, ние ќе продолжиме да бидеме на вистинската страна се додека не настапи мирот кој ќе биде по мерка на пријателскиот украински народ и кој ќе обезбеди долгорочна стабилност и просперитет не само на Украина, туку и на европскиот континент.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ