• Latest

Пендаровски: Владата останува техничка, очекувам политичките партии да работат заеднички за здравјето на граѓаните, а не да се грижат за својот политички рејтинг

March 18, 2020

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Пендаровски: Владата останува техничка, очекувам политичките партии да работат заеднички за здравјето на граѓаните, а не да се грижат за својот политички рејтинг

March 18, 2020 18:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вонредна прес конференција претседателот на државата Стево Пендаровски прогласи вонредна сосотјба во траење од 30 дена на цела територија на Република Северна Македонија поради заштита на граѓаните од Кивд -19.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/203907374281728/?v=203907374281728

„Пред малку ја потпишав одлуката за прогласување на вонредна состојба на териотрија на целата држава. Денес попладне Владата упати барање до Собранието кое според Уставот е прво надлежно за прогласување на вонредна состојба, но претседателот на Собранието веднаш го препрати тој акт до мене тврдејќи дека не може да го свика Собранието да расправа за тоа прашање. Мојата одлука се базира врз членот 125 од нашиот Устав., кој пропишува ваква можност доколку СОбранието од различни причини не може да се состане.

Конкретно одлуката за вонредна состојба ја донесов заради заштита и справување од последиците на ширење на вирусот Ковид -19.  Вонредната состојба ќе трае 30 дена и оној момент кога СОбранието ќе биде во можност да се состане ќе му биде поднесена на потврдување.  пред истекот на овие 30 дена очекувам Владата да ми поднесе детален извештај од ефектите од до тогаш преземените мерки и образложен предлог  за потребата од евентуално продолжување на вонредната состојба за дополнителни 30 дена.

Фактот што за прв пат од нашата независност прогласуваме вонредна состојба укажува колку е сложена ситуацијата и колку е голем ризикот за сите нас. Од денес извршаната власт ќе има зголемени надлежности и ќе може да ги користи сите ресурси на државата. Сите, и државни и приватни ресуурси за поуспешно да се справиме со епидемијата.

Во вонредна состојба Владата ќе може да носи уредби со законска сила со цел да воведе поголеми ограничувања во движењето на луѓето и особено да обезбеди поголеми средства за поддршка на економијата која влегува во исклучително кризен период.

Како претседател немам никакви дилеми во исправноста на одлуките кои ги носам. Очекувам дека и Владата која во престојниот период ќе ја има најголемата одговорност ќе биде на висина на задачата и искушенијата кои ги носи актуелниот политички и сториски момент.

Очекувам Владата, надлежните министерства, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и сите инволвирани институции дневно да информираат за сите активности кои ги преземааат, како и за ажурираните планови за свое постапување во иднина.

Посебно сакам да нагласам дека лидерите на најголемите политички партии и на власта и во опозиција даваат поддршка за прогласување на вонредна состојба. Владата ќе продоложи да функционира како техничка што значи дека во неа ќе продолжат да даваат свои значајни придонеси и претставниците на опозицијата. Ова е можност сите политички партии да покажат дека можат да работат заеднички за здравјето на луѓето и нема да се грижат за својот политички рејтинг. Во оваа ситуација ќе мора да бидат одложени избори на 12 април, а предвремени парламентарни избори ќе се закажат дури кога ќе се создадат услови за фер и демократско изјаснување на граѓаните. Сите анализи, дебати и калкулации за добивање на гласови или пратенички мандати сега треба да ги оставиме на страна затоа што се безвредни во однос на најскапоценото, животот на нашите најмили.

Имам порака и за сите наши државјани кои престојуваат надвор од земјава. Најпаметно е да останете во земјата во која сте, додека трае оваа состојба согласно препораките на Светската здравствена организација. Доколку, сепак, решите да се вратите дома, добредојдени сте, но, при тоа, треба да знаете дека мора да ги почитувате сите мерки пропишани од надлежните институции, а тоа значи и можноста да бидете сместени во карантин.

Апелирам од сите граѓани да бидат смирени, одговрни, солидарни еден кон друг. Ако си помагаме и се држиме заедно сигурно ќе ја пребродиме и оваа тешка ситуацијак како и многупати до сега“, изјави Пендаровски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ