„Нема друг начин да влезете во развиениот свет отколку да се договорите со првите комшии, па после да размислувате за интеграција во пошироките организации“, рече на митингот во Крива Паланка кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.
„Во моментот кога ја одржавме првата конференција и мислевме дека ја ставивме Македонија на „брзата пруга“ и по ова прашање, за жал, освен опструкциите кои ги очекувавме од нашито источен сосед, неочекувано, доживеавме опшструкции од политичката опозиција, олицетворена во најголемата политичка опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, кои од свои мотиви, од свои причини, се однесуваа кон европскито пат на Македонија, како Република Бугарија“, кажа Пендаровски.
Тој рече дека првата крупна работа е тоа што пред четири години влеговме во најмоќната воена организација во историјата на човештвото, НАТО, со тоа добиме тапија за територијалниот интегритет и суверенитет на државата и секој нејзин граѓанин.
Н. А.