Како дел од Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје на 15 декември 2021 се одржа панел – дискусијата „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“.
Преку видео – обраќања и специјални интервјуа на оваа тема учествуваа и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Весна Бендевска, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерката за образование и наука Мила Царовска и министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска.
Учесници на панелот беа Роберт Алаѓозовски – национален координатор за интеркултурализам и Едно општество, Џелал Хоџиќ – заменик директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Ели Чакар – државен советник во Министерството за локална самоуправа, Марина Тунева – извршна директорка на СЕММ и експерт, Лулзим Хазири – извршен директор на граѓанската организација АДИ од Гостивар, и Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ.
Интервјуираше: Петрит Сарачини
Сниматели: Атанас Петровски и Ариан Мехмети
Монтажа: Ариан Мехмети