На седницата во Државната дума, Долниот дом на рускиот парламент во Москва, Русија, на 27 јануари 2021 година, двата дома на парламентот едногласно гласаа за продолжување на новиот договор СТАРТ за пет години, брз потег што доаѓа неколку дена пред истекот на последниот преостанат американско-руски договор за контрола на оружјето., пренесува Си-Ен-Ен.
Русија и САД мора да разговараат за продолжување на договорот СТАРТ за намалување на нуклеарното оружје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека разговорите за продолжување на Договорот треба веќе да започнат бидејќи ова прашање е важно за глобалната безбедност. Разговорите од секаков вид меѓу САД и Русија беа затегнати по руската инвазија на Украина.
„Ова е тема што не може да се избегне“, изјави Песков за руската државна новинска агенција РИА Новости во интервјуто во четвртокот. Оваа дискусија е важна не само за народите на нашите две земји, туку и за целиот свет, за глобалната безбедност“, додаде тој.
САД и Русија претходно се согласија да го продолжат историскиот договор „Нов СТАРТ“, кој го ограничува бројот на стратешко офанзивно оружје што двете земји можат да го поседуваат до 4 февруари 2026 година.
Историскиот договор првпат беше потпишан за период од 10 години од поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во 2010 година.
Тоа е последниот договор меѓу САД и Русија кој поставува ограничувања на растот на двата најголеми нуклеарни арсенали во светот, откако САД се повлекоа од посебниот договор за контрола на нуклеарното вооружување со Русија, Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), во време на Администрацијата на Трамп во 2019 година.
Подготви: Д.Мишев