На денешен ден, пред пет години, беше уапсен новинарот Томислав Кежаровски, а пет месеци подоцна осуден на 4,5 години затвор, за случајот „Ликвидација“.
„Така направија слугите на режимот: обвинителката Лиле Стефанова, истражната судијка Тања Михајлова и судиите Дијана Груевска Илиевска и Ѓоко Ристов. Оттогаш не е исто. Сакам да посочам на едно време – невреме, на време на безвластие, на време на маклумината похрабири кои го кренаа гласот против режимот кои беа прогонувани и протерувани од Македонија“, напиша Кежаровски на својот фејсбук профил, истакнувајќи дека нема намера да запре со потрагата за правдина и вистина.
Во изјава за ЦИВИЛ Медиа Кежаровски вели дека на овој начин сака да потсети на „едно време – невреме, време на безвластие, кога оние го креваа гласот против режимот беа прогонувани и протерувани од Македонија“.
Тој истакна дека целта на оваа борба не е Томислав Кежаровски туку Македонија.
„Целта ми е да истакнам дека она што ми се случи повеќе не треба и не смее да му се случи никому, на ниту еден граѓанин на Република Македонија, кој незадоволен од општеството критички се однесува кон работата на владините институции“, вели Кежаровски за ЦИВИЛ Медиа.
Дехран Муратов