• Latest

Петок навечер… Жешки вербални престрелки

June 1, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Петок навечер… Жешки вербални престрелки

June 1, 2018 23:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи. Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Никола Димитров секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Секој документ што е создаден на формален состанок стои во архивите, на МНР, во Влада, кај претседателот на државата“ – рече премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница предупредувајќи ги пратениците од опозицијата дека со своите дискусии можат да направат непоправлива штета во процесот за решавање на спорот за името, како што известува државната информативна агенција МИА.

„Сѐ што досега е преговарано директно на лидерска средба, директно на состанок сум го споделувал со опозицијата и со другите лидери во Македонија. Се преговара, но на крајот институциите во Македонија се тие што носат одлука. Во овој случај, заради тоа што е специфична работа, многу важна, граѓаните одлучуваат на референдум. Затоа, ве молам да бидеме внимателни посебно по овие прашања… Прашањето е тешко, но треба да се реши и заради неговата чувствителност треба да се внимава…“ – рече премиерот по дискусиите на Димитар Стевананџија и Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стевананџија побара од Заев доколку се дојде до предлог за решение за името, тоа да оди најпрво на референдум и побара за договорот да не се гласа во Парламентот и да не ги изложува пратениците од власта на, како што кажа, „трет шок после гласањето на двојазичноста и на договорот со Бугарија“.

„Да ги прашаме најпрво граѓаните, а не прво пратениците затоа што ние сме минливи и менливи, нашиот мандат трае две, три, четири години, некогаш и помалку и немаме мандат за нешто кое што постои две илјади години да го решаваме овде“ рече Стевананџија.

Јовановски, зборувајќи за работата на Владата во изминатата година, го обвини премиерот за распродажба на името, јазикот, идентитетот на земјата…

„Нанесувате непоправливи штети со вакви драматургии“ – му реплицираше Заев потенцирајќи дека Република Македонија е пред пресериозни одлуки.

Премиерот потсети дека 25 години сме ФИРОМ, дека треба да се направи иднина за сите деца во земјата.

„Вие сте добар глумец, но овде сте пратеник и треба да се однесувате чесно кон граѓаните коишто ве избрале. Плукате со невидени зборови, нанесувате непоправливи штети“ – рече премиерот Заев во својата реплика, додавајќи дека решението го јакне идентитетот и побара од пратениците да бидат трпеливи.

„Немојте, барем заради и тие гаранции што ги имаме, Парламентот одлучува, институциите одлучуваат, граѓаните кај нас на референдум одлучуваат. Не правете штети заради тоа што и вие сте за НАТО и за ЕУ интеграција. И немојте да шпекулирате и за јазикот, и за идентитетот. Тие шпекулации прават проблеми“ – рече премиерот.

За договорот со Бугарија, Заев рече дека во него стои „двата народи“ и оти е потпишан на македонски јазик, согласно Уставот.

Од споменикот во Струмица кажа дека е избришан зборот „бугарски“ пред „фашистички куршум“.

„Остана фашистички куршум оти треба да градиме пријателство, заради тоа сум го направил тоа како градоначалник. Внимавајте како зборувате, заради тоа што национализмите, популизмите го избркаа нашиот народ од државата“ – рече премиерот.

Претходно, во попладневниот дел од расправата пратениците од редовите на опозицијата во своите дискусии ја обвинија Владата дека не сработила ништо во изминатата една година, туку само направила штети за државата и презела мерки што го намалиле стандардот на граѓаните. Реконструкцијата на Владата, рекоа, е политички пазар заради потреба од зголемување на мнозинството.

Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ смета дека реконструкцијата нема политичка содржина и оти целта не е подобро спроведување на реформите, туку само желба на премиерот да им најде место на новите и помали партнери.

За разлика од нив, пратениците од партиите на власт застанаа во одбрана на политиките на Владата.

„Сегашната Влада презеде многу исправни чекори, а дека таа е на прав пат покажува и безусловната препорака од Европската комисија“ – рече Мирсада Емини – Асани. Горан Милевски од СДСМ, рече дека сака да ги потсети пратениците од опозицијата дека не се работи за интерпелација на работата на Владата туку за избор на нови министри за образование, правда, култура и министер без ресор.

По паузата за Ифтар, парламентот гласаше за реконструкцијата на Владата. Остана ехото од тешките зборови изречени во парламентот оваа петочна вечер, во пресрет на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

М.Л.

Tags: БугаријавладаГрцијаиметоМакедонијанационализампарламентреконструкција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ