• Latest

Петрески: Повторувањето на вистинитите вести е клучно во борбата против дезинформации

June 16, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Петрески: Повторувањето на вистинитите вести е клучно во борбата против дезинформации

June 16, 2021 16:03
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

-Јас ќе говорам за нашата работа и како гледаме ние на оваа појава, пред се во мое име, во рамките на мојата работа како уредник на Вистиномер и Критинк. Како што е познато, ние се бавиме со дебанкирање и раскринкување на дезинформации. Тоа е нашата основна работа, но тоа не значи дека не се бавиме и со објавување на позитивни наративи. Мислам дека тука дискусијата не е дали треба да се префрлиме на позитивната страна на работите, да ги шириме, да ги објавуваме нашите позитивни наративи, да не обраќаме внимание на оние што шират дезинформации итн., изјави уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

Од тоа како ќе се однесуваме на овој план, односно која тактика, која стратегија ќе ја примениме, зависи многу од темата и од публиката. Една од нашите главни дејности во последниве година-две, е справување со дезинформации за Ковид. Ние во Вистиномер и јас како главен уредник, сметаме дека дезинформациите кои така нагло и во толкава мера се појавија во однос на Ковид-19, беше многу важно да се справиме со нив директно, јасно и гласно да кажеме и да се повторуваме, да бидеме репетитивни, затоа што репетицијата е многу важна  за ширењето на дезинформациите, и многу важно во факт-чекингот, значи многу важно да бидеме репетитивни и нон стоп да ја повторуваме вистината, особено кога станува збор за Ковид, каде што е во прашање јавното здравје, каде што се во прашање човечки животи.

Таа област, тој сегмент изискува такво, директно спротивставување на дезинформациите. Има други области, кои се однесуваат на други публики каде што ширењето на позитивниот наратив е многу важен. Потоа, во зависност од  публиката, ете во Франција има студии каде што е работено со следбеници на ИСИС, но коишто се многу млади, тинејџери, и во рани дваесетти години. И многу е тешко ним да им го смените мислењето, со директно спротивставување на она во што веруваат. Психолозите што работат со нив, применуваат многу чудни методи, каде што бараат од нив да се вратат во детството. Да се вратат во оној период од нивниот живот кога имале семејство, кога се чувствувале безбедно, кога имале родители, кога имале луѓе што ги сакале, да се присетат на сцените, на мирисите од тој период, и оттаму да тргнат на градење на развој на една нова персона, и да ја тргнат настрана омразата што ја чувствуваат. Така што, многу зависи од публиката, и ние покрај проверката на факти, како основна дејност, затоа што сметаме дека е многу важна проверката на факти, има свои позитивни и свои негативни страни. И не сме очекувале никогаш, не очекуваме ниту сега дека тоа ќе биде целосно решение на проблемот.

Но, на пример, јас можам да ви го кажам следново, над 96,97 отсто од нашите рецензии, од нашите проверки на факти, што ги правиме секој месец, се оригинални. Сакам да кажам дека тие содржини што сме ги провериле, не ги проверил никој друг. Да не ги проверевме, немаше воопшто да ги има. Никој не ќе можеше да ги референцира, да ги пребара, да се информира итн.

Ние ќе продолжиме да работиме на проверката на факти, особено затоа што гледаме дека за тоа има многу интерес, и тоа пред се има интерес од социјалните мрежи. Социјалните мрежи се во една таква позиција што сакаат да ги тргнат дезинформациите од своите страници, и голема улога за тоа имаат хибридните закани, учеството на странски фактори, еве таа фамозна 2016 година кога тоа стана толку многу страшно, имаше една студија веднаш по изборите во 2016 година, каде што се покажа дека дваесетте најчитани вести со дезинформации, биле по читани од дваесетте најчитани кои биле вистинити. Во последниот месец пред изборите, во последните триесет дена пред изборите оние дваесет вести со лаги биле најчитани за разлика од оние дваесет вести кои биле вистинити! И тогаш се виде дека ѓаволот ја однел шегата. Исто, се појавија веб сајтови кои бараа независност на Тексас. Да, во Тексас секогаш имало некакви ставови и мислења уште од нивната граѓанска војна, Тексас да бил независен, арно ама сега одеднаш се појави многу организирано. Се појави високо професионален сајт кој беше поврзан со социјалните мрежи, но ако погледнете подлабоко, ќе видите дека јазичните грешки таму, одговараат многу на јазични грешки кои би ги направил некој чијшто матичен јазик му е словенскиот јазик. Потоа, ако видите кога се објавуваат содржините на тој вебсајт, ќе забележите дека деведесет отсто се постираат меѓу девет часот наутро, и пет часот попладне, значи во работно време, арно ама по московско време. Се појавија Фејсбук групи каде што се бараше независност на Калифорнија. Калифорнија била петта најголема економија на светот, и гледате дека работите одат таму каде што не треба.

Исто така, гледаме закани што се случуваат овде кај нас. Во секој случај, она што сакам да го кажам е, какви методи ќе употребиме во борба против хибридните закани, се разбира зборувам во однос на мојот домен, во однос на јавниот дискурс, не говорам за оние хибридни закани од областа на шпиунажа, саботажа итн. Тоа е сосема друга работа, ќе зависи од тоа, на кого се обраќа, која е главната публика за таа закана, и кој е методот за кој мислите дека ќе биде најефикасен, или онаа комбинација на методи која мислите дека ќе биде најефикасна.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа и реализација: Ариан Мехмети

фотографија: Игор Чадиноски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ