• Latest

Петров: Македонија одамна е презаситена со оружје

January 13, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Петров: Македонија одамна е презаситена со оружје

January 13, 2022 13:48
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешениот службеник во Агенцијата за разузнавање и поранешен заменик министер за надворешни работи и автор на книгата „Атентатот“, актуелен национален координатор за имплементација на државната Платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Зоран Петров, зборува за тоа која е врската меѓу нелегалната трговија со оружје со организираниот криминал во земјата и регионот. Разговорот со Петров е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

Честитки за ЦИВИЛ за проектот за намалување на оружјето, она што знам и да го кажам нема да биде нешто ексклузивно меѓутоа Македонија одамна е презаситена со оружје, оние претпоставени бројки се фантастични дури се на граница на неверојатност дека се работи за преку 450.000 парчиња мало и лесно оружје од кои три четвртини се илегални. Тоа се огромни бројки и тоа не се однесува само на Македонија, генерално ова правило важи на целиот регион на Балканот.

Колку што знам, а следам, од 2014 година македонските власти максимално ги заострија условите за легализација на оружје и во 2014 мислам дека беа издадени 7.000 дозволи, а сега се издаваат околу 1.000 годишно. Тоа е легално оружје.

Како претпоставка и според некои индикации од вашите истражувања, државата и регионот не се подготвени поуспешно да се занимаваат со оваа тема? И кај кого е тоа големо количество оружје, кај нас граѓаните поединци или кај некои организирани формации?

Македонија во неколку наврати се обиде да го одземе тоа оружје и се обиде и да го легализира. Се сеќавате на акцијата „Суштинска жетва“ во 2001, „Килибарна лисица“ која заврши во 2003 година.

Во 2003 година беше донесен закон за декриминализација на сопствениците кои доброволно предаваа илегално оружје за да не бидат судени и гонети. Во 2010 година, последен пат, македонската влада покрена иницијатива за легализирање на илегалното оружје и сите овие акции дадоа релативно симболично резултат.

Каде се наоѓа оружјето? Па оружјето се наоѓа во нашата традиција, во нашата свет, во нашиот фолклор и луѓето чувствуваат потреба и обврска да го имаат.

Го слушаме по разни свадби, веселби, верски празници?

Да, за жал има и доста несреќи и не е проблемот само во илегалното оружје проблемот е и во легалното, службеното оружје којшто се дава. Јас имам големи резерви дека службите ја прават таа проверка, таа соодветна контрола за давање оружје. Инаку и јас еден период сум бил службено лице и сум имал службено оружје и од лично искуство можам да кажам дека оружјето не ме прави посигурен. Не се чувствувам посигурно кога имам оружје, напротив.

Каде завршува тоа оружје, тоа го шверцуваат криминогени групи и веројатно тука и државни чиновници се замешани во пропуст на граница, полиција можеби итн. Ниедна мафија не може да опстои без потпора на одредени центри на моќ во државата барем така е во теоријата. Каде завршува тоа оружје, дали кај поединци или?

Шверцот на оружје оди во комбинација со шверцот на дрога, шверцот на луѓе, на мигранти, само за себе и само по себе не функционира. Тоа е прилично профитабилен бизнис којшто се одвива во повеќе правци. Она што можам да го кажам од сеќавањето е дека при терористичките напади во Франција пред неколку години беше откриено оружје со потекло од Балканот, од југословенско, кинеско производство итн. Може да претпоставиме дека ние сме и транзит меѓу другото и тоа оди на пазарите каде што има повисока цена. Ќе импровизирам малку бидејќи имам пријатели од оваа сфера, пример еден калашников на Запад може да достигне вредност од 2 до 3 илјади евра, кај нас сè уште може да се најде од 500 до 1.000 евра. Пиштолите се релативно поевтини во зависност од моделот, меѓутоа на Запад достигнуваат поголема цена.

Каде може да се набави еден таков пиштол, некој југословенски?

Не знам, не се бавев со таков вид на истрага тоа треба да повикате инспектори од МВР. Не знам дали има црни страници на интернет за шверц, но мислам дека не е тешко да се најде нелегално оружје.

Што треба државата и институциите да направат да се намали шверцот, но и поседувањето на нелегално оружје кој се наоѓа во приватни раце?

Ќе навлеземе малку во политика и ќе кажам една друга работа, ние го имаме имплементирано европското законодавство, нашите закони во овој сегмент се прилично строги и ригорозни. Ние потфрламе во планот на реализација, се случува повремено некоја полициска акција каде што се бара дрога и таму каде што се запленува дрога се пронаоѓа и големо количество на оружје бидејќи тие работи секогаш одат заедно. Тоа се полициски активности и јас очекувам многу повеќе да се зголеми оперативно.

Нова акција за собирање на нелегално оружје може ли да помогне да се намали тоа количество оружје барем кај граѓаните ако не кај некои фантазери или организирани групи?

Последната акција што ја направи Владата за легализација на оружје даде симболични резултати, луѓето повеќе пријавуваат трофејно оружје, ловечко оружје наследено од предци, од роднини итн., а активното си го чуваат. Слаби беа резултатите од таа акција.

обработка на текст: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


Погледите, размислувањата и ставовите изразени во оваа содржина се личен став на авторот/соговорникот и не нужно ги отсликуваат ставовите и позициите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како ни на било кој друг ентитет поврзан со ЦИВИЛ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ