• Latest
Славјанка Петровска, министерка за одбрана (Фото: ЦИВИЛ)

Петровска: Доколку е потребно и се укаже некакво вид безбедносна закана, не само Евреите туку секој еден граѓанин на нашата држава ќе биде соодветно заштитен

October 20, 2023

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Доколку е потребно и се укаже некакво вид безбедносна закана, не само Евреите туку секој еден граѓанин на нашата држава ќе биде соодветно заштитен

October 20, 2023 12:16
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Славјанка Петровска, министерка за одбрана (Фото: ЦИВИЛ)

Славјанка Петровска, министерка за одбрана (Фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, службите, безбедносно – разузнавачката заедница будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и соодветно се подотвуваат доколку се лоцира предизвик да се реагира, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во Охрид каде имаше средба со припадниците на доброволните противпожарни друштва од земјава, пренесе МИА.

Таа посочи дека секогаш кога се отвора нов конфликт низ светот, тој предизвикува одредени проблеми, пореметувања во постојаното функционирање на државите, независно дали е тој поблиску или подалеку.

– Што поскоро завршат воените дејствија, час поскоро може да се седне на маса и да се разговара за сите проблеми што ги поттикнале конфликтите. Знам дека многу од проблемите се тешки, причините за случувањата се проблематични, меѓутоа ништо не е повредно од човечките животи, рече таа, одговарајќи на новинарски прашања за безбедносната состојба во земјата и регионот по однос актуелните воени конфликти во Израел и војната во Украина.

Петровска рече дека не и е познато дека на институциите на државата и биле доставени некакви барања за физичка заштита на припадниците на еврејската заедница во земјата и нивните верски објекти.

– Координацијата на безбедносните и разузнавачките служби и информациите што се разменуваат покажуваат дека сега закана нема, независно дали се работи за припадници на една заедница или кон некакви објекти, но тоа не значи дека институциите остануваат само на таа информација. Ќе ги следиме случувањата и доколку е потребно и се укаже некакво вид безбедносна закана, не само Евреите туку секој еден граѓанин на нашата држава ќе биде соодветно заштитен, рече Петровска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ