• Latest

Петровска: Голем дел од заедничките предизвици денес не препознаваат државни и географски граници

March 21, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Голем дел од заедничките предизвици денес не препознаваат државни и географски граници

March 21, 2023 11:07
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам пораката за заедништво, силна соработка и меѓусебна поддршка во зачувувањето и реафирмирањето на глобалните и европски вредности – демократијата, владеењето на правото и одржувањето на меѓународен поредок базиран на принципи и правила, силно да одекне кај секој од нас. Нема подобар начин да најдеме решенија за денешните безбедносни предизвици од тоа да бидеме заедно и здружени, особено имајќи предвид дека овие предизвици најчесто се од неконвенционална природаа.

Ова, како што соопшти Министерството за одбрана, го истакна денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во изјава пред почетокот на првиот Безбедносно-одбранбен форум Шуман, на кој учествува на покана на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Петровска за форумот истакна дека е одлично место и начин да се создадат уште поблиски контакти и мрежа на чинители, и политички и стручни, кои со заеднички сили ќе можат да најдат решенија на современите безбедносни предизвици.

На работната вечера која претходеше на Форумот, насловена „Свет кој се менува: справување со заедничките предизвици“, министерката Петровска имаше формално обраќање заедно со своите колеги, министрите за одбрана на Германија, Норвешка, Шведска и на Руанда. Пред колегите министри за одбрана и учесниците на Форумот, Петровска порача дека голем дел од заедничките предизвици денес не препознаваат државни и географски граници и дека е потребна заедничка акција да се одбраниме и да ги одвратиме овие активности пред тие да станат сериозна закана за нашите општества.

-Безбедносните предизвици со кои се соочуваме денес не се ограничени на конвенционални средства. Тие се комплексни и софистицирани, се појавуваат во различни форми, комбинирајќи и воени и невоени инструменти кои се манифестираат во доменот на дигиталната технологија, сајбер напади и ширење на дезинформации. Ние мораме постојано да ги реафирмираме нашите заеднички вредности и интереси и да имаме искрена и постојана комуникација и координација, рече министерката.

Петровска, се наведува, порача дека сајбер нападите како дел од хибридните закани можат да имаат негативно влијание врз безбедноста на граѓаните и функционалноста на општествата, додека сериозен предизвик може да претставува и застојот во интеграциите на земјите и регионите, зашто тоа може да доведе до економска стагнација, политичка нестабилност и општествена несигурност.

-Северна Македонија е земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија кој го има започнато пристапниот процес. Нашата заложба е силна, а нашата подготвеност да бидеме дел од европското семејство – видлива. Политиката на Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносна политика на Унијата и тоа ја покажува нашата посветеност на евроинтегративниот процес, истакна министерката.

Соработката помеѓу нациите, додаде Петровска, е најважна во промовирањето и задржувањето на вредностите, етиката и моралот кој нè обединува и само со заедничко работење можеме да бидеме пример и да инспирираме позитивни промени во глобални рамки.

Првиот форум Шуман се одржува под мотото „Заедно посилни во нестабилен свет“, а е организиран под покровителство на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. Целта на овој Форум е да ја зацврсти соработката помеѓу релевантните глобални и регионални актери во областа на безбедноста и одбраната и да биде форум на кој ќе се разговара за клучните безбедносни прашања и начините на зацврстување на меѓународниот мир и безбедност.

На Форумот учествуваат високи претставници од 27-те земји-членки на Унијата и 45 партнерски земји, вклучително и над 20 министри за одбрана, како и претставници на меѓународни и регионални организации како Обединетите Нации, НАТО, ОБСЕ, Африканската Унија, АСЕАН, Советот за заливска соработка и Лигата на арапски држави. Дел од Форумот се и голем број невладини организации, тинк-тенк организации и претставници на академската заедница, стои во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: НАТОПетровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ